За Жиру критиката излегла од рајот

Тој никогаш нема да даде 20 гола за сезона. Никогаш нема да биде топ шпиц, затоа што не знае да дава голови на важни натпревари. Критичарите само го мотивираа Французинот кој здиве.

Напаѓачот на Арсенал не го критикуваа само мрзеливите. Сите други го критикуваа. А критиките понекогаш беа ферски. Навивачите бараа супеѕвезда која ќе ги врати во борбата за титулата, Карим Бензема или Единсон Кавани. Оливие како да го исчеличија критиките и денес неговите бројки се импресивни, а настапот на Енфилд минатата среда беше уште една потврда дека одлуката на Венгер да не купи уште еден напаѓач е исправна.

Статистиката на Жиру во сите натпреварувања од кога е во Арсенал. Голови/Натпревари:

Венгер ги игнорираше сите молби од навивачите парите да ги потроши на Џексон Мартинез, Бентеке или Балотели. Се вадеше дека не му се допаѓаат предлозите, но причината беше дека тој едноставно не сакал нов шпиц.

Фактот што Венгер ја почна сезоната со Тео Волкот во шпицот покажа дека ниту тој не беше сигурен дека Оливие ќе биде спремен за големи дела во текот на сезоната. Сепак бројот 12 покажа дека е играч кој страшно многу напредувал.

Против Ливерпул го постигна 12-от гол сезонава и вкупно во сите натпреварувања има 20 што го прави со најголем индекс на успешност. Пет во ЛШ сезонава е најдобар учинок во неговата европска кариера, а четирите погодоци за Франција се рекорд за него во една сезона на меѓународно ниво. Упорноста била главниот проблем на Французинот. Целата негова кариера е украсена со вртоглави паѓања и станувања. Сезонава, неговиот учинок минути/голови е најдобро од сите претходни сезони во Арсенал. Овие статистички податоци покажуваат подобар скор од Роналдо, Варди и Лукаку и покрај тоа што Оливие на теренот помина многу помалку време од нив.

Жиру на мечот против Ливерпул дури 10 пати повеќе од соиграчите имал контакт со топката (само Озил и Рамзи имале по еден допир повеќе). Неговите 12 голови му донесоа 7 чисти бодови на Арсенал сезонава. Од друга страна Лукаку постигна 15, а Евертон освои осум бодови со тие голови. Кејн даде 11, а Тотенхем од тоа имаше профит само 1 бод.