Возот е идеален за навивачки испади

Според извештајот на британската транспортна полиција, навивачите на Лидс Јунајтед направиле најмногу проблеми во возовите со кои патувале во последниве две сезони. Ништо подобри не се ни оние на Манчестер Јунајтед, како ни навивачите на Ренџерс.

Навивачите на тимот од Чемпионшип учествувале во дури 77 инциденти во возовите ширум Англија во последните две сезони и тоа е речиси двојно повеќе од сите останати. Од премиерлигашките клубови, навивачите на Манчестер Јунајтед правеле најмногу проблеми во железничкиот превоз. Според извештајот на британската полиција, во последните две години се случиле дури 1.027 сериозни инциденти во возовите во Англија.

На листата на навивачи со најмногу инциденти на железничките станици и возовите високо котираат и навивачите на Бирмингем Сити со 40 инциденти, на Нотингем Форест со 35 и на Манчестер Сити со 30. Тоа е комплетната „петка“ најлоши навивачи. Меѓу нив се и оние на Глазгов Ренџерс, поради кои луѓето избегнуваат да патуваат со воз кога ќе дознаат дека мора да се возат со нив.
 
На британските навивачи не им се непознати ниту инцидентите во странство. Така сезонава навивачите на Селтик правеа циркус во трамваите во Загреб, а оние на Челси застанаа на столбот на срамот по расистичкиот испад во париското метро.