Воинот од Милан кој не може без ражничи и балет во соблекувална

Џанлука Лападула не е од оние фудбалери кои не летаат во облаци од слава и не бараат 200.000 фунти неделно со образложение дека 150.000 им се малку. Тој е играч со приказни кои имаат душа и кои потекнуваат од локално кафанче каде се уште е виснат неговиот дрес.

Летото 2016-та година е пресвртница во кариерата за Лападула. Со полни 26 години, најзрели за еден фудбалер, направи трансфер во екипа како Милан вреден 9 милиони евра и за прв пат во животот годинава на конто ќе му легнат милион евра, плата која му следува.

Не е лесно да се носи дресот на славниот италијански прволигаш. Тој тоа го знае и го чувствува. Дебитираше во Серија А на 27 август, а за неговиот деби гол за Милан се чекаше до 6 ноември. Од тогаш фино му тргна и стигна до бројка од 4 погодоци, последниот клучен за победа против Кротоне во 86-та минута.

Кога сите се прашуваа кој е тој Лападула и што бара во Милан, главниот беграунд беше дека бил најдобар стрелец во Серија Б кој со 27 гола ја однесе Пескара во прва лига. Од неговата фудбалска биографија тоа не е се. Една сезона претходно, идентична работа направи и во третата италијанска лига кога благодарение на неговите 21 погодок, Терамо стигна до Серија Б.

Таа приказна за жал заврши неуспешно, бидејќи претседателот на клубот беше обвинет за местење натпревари и поради тоа Терамо, клуб со стадион од 7.500 седишта, не заигра во втора лига.

Терамо е еден од неколкуте клубови во кои Лападула одел на појзамица како член на Парма каде никогаш не доби шанса да заигра. Претходно го праќаа во Горица, Словенија, Фрозиноне, Сан Марино, Равена, но најмногу се паметат деновите во Терамо од каде скала по скала, за три сезони напредуваше од трета до прва лига.

Забавата и хуморот во ова мало клупче биле резервирани за Џанлука кој бил најзабавниот лик меѓу играчите за што потврдува капитенот на екипата.

„Колку само смеење имаше со него таа сезона. Лападула беше измислен човек за забава во соблекувална и не смееше секој меч и секој тренинг. Во соблекувална често игравме тенис со фудбалска топка, а тој правеше балетски чекори од кои паѓавме на земја од смеа. Беше невозможно човек да не се насмее кога ќе го види како игра балет. Понекогаш знаеа и да го избркаат поради тоа што играше мајтап со суеверните фудбалери кои имаат свои ритуали пред секој натпревар“

Капитенот на Терамо, Иван Сперанца ги потврдува и неговите фудбалски квалитети.

„Уште тогаш ментално беше силен. Тој е златно дете, одличен и на терен и надвор од него. Пред натпреварите беше мирен и кога остануваше еден час пред стартот ставаше слушалки и се изолираше. На терен трчаше повеќе од сите и никогаш не се откажување. Вистински воин кој го викавме „Храбро срце“.

Но воинот има една слабост, а тоа се ражничите за кои зборува Валентина, газдарицата на ресторанот каде редовно одел Лападула додека играл во Терамо.

„Доаѓаше често со колегите, но и со семејството. Беше луд по поховано сирење и ражнички кои ги проба прв кај нас и потоа се заљуби. Џанлука ни е како брат. Ние прв пат го однесовме на риба. Се работи за одлична личност и одличен фудбалер кој никогаш не пиеше, па дури ниту чаша од најубавото вино“.

Ресторанот на Валентина е збирно место за фудбалерите на Терамо. Новите играчи кои доаѓаат веднаш ги носат таму за да ја почувствуваат локалната дружба со навивачите.

„Го сакавме уште пред да биде “Лападула“. Сега животот му е сменет, но и натаму му посакуваме се најдобро. Беше поврзан со Терамо иако го немаме видено уште од ланска сезона кога играше за Пескара. Големиот скок во кариерата му почна од тука, како што му предвиде тетка му: `Ќе станеш голем играч благодарение на овој бело-црвен дрес`.

Стратегот на Пескара, Масимо Одо го спореди Лападула со Мирослав Клосе, но тој не лета во облаци по таквите изјави и нема комплекси па дури и кога треба да направи нешто јавно, како запросување на Алесија со која е заедно 6 години.

Ја побара за жена пред цел стадион и покрај тоа што знаеше дека дома ќе има кагви со неа. Зошто? Па навива за Јувентус.

„Не знаев дека е фудбалер. Кога гледав списанија и кога ги гледав како лежат по плажи си велев блазе си им. Јас и Џанлука сме по резервирани и не сме за по насловни страни. Инаку навивам за Јувентус, но понекогаш и за тимот во кој игра Џанлука“, вели Алесија со која имаат две ќерки.

7 декември 2016 - 14:10