Внимавајте на средниот ред на Лацио

Трет во Серија А во моментов, не е Интер, не е Милан, а ниту Наполи, туку тимот кој викендов по негативата 0:1 против Милан, направи фантастичен пресврт и победи со 3:1. Според анализата на Газета дело Спорт, скриениот адут на Пиоли доаѓа од средина.

По 20 кола во Серија А, од вкупно 36 голови на Лацио дури 24 се дело на играчите од среден ред а само 11 постигнале напаѓачите. Освен против Милан, Лацио со ширење на играта по страничните позиции и брзо влетување од средина ги доби и претходните два меча. Најдобар стрелец им е Стефано Маури со 7 голови, кој инаку игра во средина.  

26 јануари 2015 - 17:24