Владо од Скопје победи на конкурсот на Ливерпул

Владимир Стојков од Скопје е еден од тројцата победници на конкурсот за избор на дизајн на тетоважа за турнејата на фудбалскиот клуб Ливерпул.

Ливерпул во соработка со компанијата Warrior која им ја изработува опремата организираа конкурс за најдобар дизајн на тетоважа посветена на претстојната турнеја на клубот во Австралија, Индонезија и Тајланд.

Фудбалерите на Ливерпул, Џонџо Шелви и Фабио Борини ги избраа тројцата победници, а помеѓу нив е и скопјанецот Владимир Стојков со неговата тетоважа за турнејата во Австралија.

Ова е дизајнот на Владимир за кој тој си доби патување со Ливерпул:

30 мај 2013 - 09:29