Викенд на автоголови

Изминатото коло во најдобрите европски лиги донесе неколку ефектни автоголови кои ги одлучија натпреварите. Во Серија А, Верџини постигна евро-автогол, а во Премиер лигата Ливерпул и Саутемптон освоија бодови по заслуга на противнички играчи.

Одбранбените фудбалери во Англија, Холандија, Италија и Шпанија имаа малку среќа викендов, затоа што си дадоа дури 9 автоголови.

РАФАЕЛ МАРКЕЗ (Верона - Милан 1:3)

Десниот бек на Милан, Игнацио Абате нафрли, а бразилскиот дефанзивец наместо во корнер, топката ја заби во својот гол за водство на росонерите;

САНТИЈАГО ВЕРЏИНИ (Саутемптон - Сандерленд 8:0)

Сандерленд доживеа катастрофа на гостувањето во Саутемптон, а Аргентинецот Верџини беше автор на еден од најубавите автоголови сезонава. По гужвата пред својот гол, фати волеј и ефектно ја затресе својата мрежа. Тоа беше првиот гол на мечот;

ЛИАМ БРИДКАТ (Саутемптон - Сандерленд 8:0)

Четвртиот гол за „светците" беше дело на бекот на Сандерленд, кој во намера да ја исфрли топката си даде автогол;

РИЧАРД ДАН (КПР - ЛИВЕРПУЛ 2:3)

35-годишниот Ирец е специјалист за автоголови, а во неделата си го даде десетиот автогол во кариерата. Стоперот на КПР несмасно реагираше во својот петерец, по што Ливерпул поведе 0:1;

КАЈЛ КОКЕР (КПР - ЛИВЕРПУЛ 2:3)

Во лудата завршница на „Лофтус Роуд" , Ливерпул стигна до трите бода во 95-та минута со автоголот на Кокер. По додавањето на Стерлинг кон Балотели, Кокер стана трагичар на мечот;

ХОЗЕ ГАЈА (ДЕПОРТИВО - ВАЛЕНСИЈА 3:0)

19-годишниот десен бек на Валенсија го отвори резултатот на „Риазор", по автоголот во 37-ма минута;

МАРЛОН ПЕРЕИРА (ХЕРЕНВЕН - КАМБУР 2-2)

За разлика од бековите на КПР, Переира имаше среќа на крајот, па неговата екипа освои бод против Камбур;

КИФТЕНБЕЛД (ГРОНИНГЕН - ЕКСЦЕЛЗИОР 1:1)

Најсмешниот автогол викендов беше дело на бекот на Гронинген, со кој Ексцелзиор поведе 0:1;

ЛИМА (ДОРДЕХТ - УТРЕХТ 1:3)

Бразилецот од Дордехт добро игра со глава, но по шутот во својот гол му овозможи водство на Утрехт од 0:2;

АЛЕКСАНДАР РАЈЧЕВИЌ (МАРИБОР - ЦЕЛЈЕ 1:2)


Александар Рајчевиќ со два автогола го реши словенечкото дерби Марибор - Цеље. Дефанзивецот на домаќините прво во 7-та па во 66-та минута го матираше својот голман.