Варди за омилениот предмет во школо, идолот од детството и клубот во срцето

Фудбалерот кој стана легенда на Лестер минатата година денеска полни 30 години и влегува во категорија на ветерани. Не сите фудбалери кои ги интересирало како деца само топка имале кецови по математика.

Сите дознавме дека Џејми Варди до 2010-та година играше во четвртата англиска лига, а шест години потоа беше главниот адут на Раниери во освојувањето на сензационалната шампионска титула со Лестер во Премиер лигата.

Но да видиме кој бил Варди како дете и што правел во школските денови.

„Освен фудбал како дете ме интересираше уште една работа, а тоа се часовите по математика кај г-дин Пембертон. За време на другите часови се преправав дека слушам и мислев на Шефилд Венздеј или на головите кои ги давав во школскиот двор, но кога г-дин Пембертон држеше час комплетно се концентрирав во текот на цел час. Тој беше одличен наставник по математика и поради него го засакав овој предмет.

Најинтересниот момент во основно школо ми беа квизовите кои ги правеше за време на часовите. Црташе на табла саат со броеви од 1 до 12 и правеше квиз на кој мораше секој да излезе и да одговара на табла. Тоа ми беше најинтересната вежба за која и најмногу ме биваше. Не знам од каде ми одеше така лесно со бројки“.

Златните денови на Шефилд Венздеј, клубот каде Варди заигра како млад во 2002-ра

„Почетокот на 90-те беше одличен период за навивачите на Венздеј бидејќи тогаш клубот беше во своите златни времиња и се естаблираше како еден од најсилните тимови во англискиот фудбал. Во 1991-ра го победи Манчестер Јунајтед и го освои Лига Купот, а следната сезона заврши трет на табела.

Кога имав 6 години Венздеј играше на Вембли четири пати во период од седум недели. Првиот меч беше темата за кои сите зборуваат во град, бидејќи се работеше за полуфинале во ФА Купот против нашиот најголем ривал Шефилд Јунајтед. Венздеј победи во продолженијата од мечот“.

Идолот од неговото детство со кој играл сервис на мрежа

„За време на нашите фудбалски натпревари во Шефилд Венздеј, топката често ја рогавме зад оградите и наместо да им кажеме да ни ја вратат назад, сами ја прескокнувавме оградата. Потоа не се враќавме на нашиот терен, туку се мешавме на другите терени во тренинг центарот па еден од членовите за обезбедување почна да ни се дере.

Се сеќавам еднаш на едно саботно утро кога трениравме на ист терен со првиот тим и тоа во период кога за Шефилд потпиша Паоло Ди Канио, кој заедно со Бенито Карбоне беа дуото во напад од кое собрав најголемо искуство во моето детство. Во еден момент ни се доближија Ди Канио и Карбоне, двајцата најдобри и најскапи играчи во тимот и побараа да им се придружиме на партија сервис на мрежа. И покрај тоа што се скршија, тоа беше остварување на еден сон за мене.

Од една страна имаше две момчиња кои се мачеа да ја вратат топката од другата страна на мрежата против двајца кои правеа спектакл со ножички. Го обожував Ди Канио, каков фудбалер, талент кој играше со голема страст. Кога некој ќе спомене Ди Канио и Шефилд Венздеј сите го паметат оној инцидент кога на мечот против Арсенал го бутна судијата кој му даде црвен картон. Две работи ми се смешни од таа ситуација. Прво театралното паѓање на судијата кој пола минута паѓаше на земја, а потоа кога му се доближи за да се пресмета со Ди Канио, но потоа се уплаши да не добие удар“

11 јануари 2017 - 15:57