Ждрепка за квалификации на ЛШ

Вардар ќе патува во Шведска, му падна Малме

Македонскиот шампион како неносител беше сместен во подгрупата 3 и поради тоа имаше скратен избор на противници. Добра околност е што реваншот ќе го игра во Скопје, така што евентуален добар резултат од првиот меч би значел и полн „Градски“.

Скопските „црвено-црни“ наидоа на противник кој редовно игра во евро-куповите а неодамна беше и учесник на групната фаза во ЛШ. Малме веќе ја почна сезоната, со оглед на тоа што првенството на Шведска започнува многу порано од останатите европски лиги. Од тој аспект Швеѓаните ќе бидат во предност, затоа што нашиот шампион од подготовки директно ќе оди на двомеч од квалификациите.

Второ квалификациско коло за ЛШ:

Малме (Шведска) - Вардар (Македонија)
АПОЕЛ (Кипар) - Дуделанж (Луксембург)
Жалгирис Вилнус (Литванија) - Лудогорец (Бугарија)
Карабаг (Азербејџан) - Самтредија (Грузија)
ФК Партизан (Србија) - Будуќност Подгорица (Монтенегро)
Салцбург (Австрија)
Шериф (Молдавија) - Кукеши (Албанија)
Астана (Казахстан) - Спартак Јурмала (Летонија)
Бате Борисов (Белорусија) - победник од мечот од 1.коло (Алашкар/Санта Колома)
Жилина (Словачка) - ФК Копенхаген (Данска)
Хапоел Бер Шева (Израел) - Хонвед Будимпешта (Унгарија)
Ријека (Хрватска) - победник од 1. коло (Њу Сеинтс/Европа ФЦ)
Линфилд/СП Ла Флорита - Селтик (Шкотска)
Зрињски (БиХ) - Марибор (Словенија)
Дандалк (Ирска) - Розенборг (Норвешка)
ФК Хахнафјордур (Исланд) - победник од мечот Викингур/Трепча 89
Марихамен (Финска) - Легија Варшава (Полска)

Натпреварите од второто елиминационо коло во кое игра нашиот првак Вардар, на програмата се на 11 и 12 јули а реваншите на 18 и 19 јули.

Во првото квалификациско коло за ЛШ ќе играат:

Викунгур (Фарски Острови) - Трепча 89(Косово)
Хибернијанс (Малта) - ФК Талин (Естонија)
Алашкерт (Ерменија) - Санта Колома (Андора)
Њу Сеинтс (Велс) - Европа ФЦ (Гибралтар)
Линфилд (Северна Ирска) - СП Ла Фјорита (Сан Марино)

Првите натпревари од ова коло ќе се играат на 27 и 28 јуни, а реваншите се на 4 и 5 јули.

Како и пред секоја ждрепка, така и пред овој, УЕФА одлучи екипите од Русија и Украина, Азербејџан и Ерменија, и Србија и Косово да не можат да паднат едни против други поради воени конфликти меѓу страните.

19 јуни 2017 - 12:30