44 години да водиш еден тим

Тренери со најдолг престој на една иста клупа

На листата тренери кои не ги фаќал с'клет со години да седат на исто место, „најкраткиот" бил тренер 19 години а најдолгиот неверојатни 44 години водел еден ист клуб.

Виторио Поцо, Италија - 19 години
Години како тренер: Од 1929 до 1948

Листата започнува со тренерот кој на два пати го освојуваше Светското првенство, со Италија во 1934. и 1938. година. Сметан за пионир на тактиката, Виторио Поцо бил еден од првите тренери кои ги вовел тренинг камповите (карантин) за играчите: „Сакам играчи на кои им верувам, така што можам да работам со група на луѓе кои се и физички и ментално силни“, велел Поцо.
 
Валериј Лобановски, Динамо Киев - 19 години
Години како тренер: Од 1974 до 1982, од 1984 до 1990 и од 1997 до 2002.

Најголемиот фудбалски ум во историјата на Украина водел различни екипи во Советскиот Сојуз, ОАЕ, Кувајт и Украина, но најпознат е како тренер на Динамо Киев, актуелниот украински шампион. Големиот Лобановски освои дури 13 титули со Динамо и стана познат по неговиот научен пристап и челична дисциплина. Тој е еден од творците на Шевченко и Ребров.
 
Арсен Венгер, Арсенал - 20 години
Години како тренер: 1996 -

Еден од гигантите во Премиер лигата, Французинот Арсен Венгер го предводеше Арсенал до три титули во Премиер и шест во ФА Купот. Навивачите и стручните коментатори се прашуваат колку долго Венгер ќе остане, но нема сомнеж дека тој неговото влијание е заслужно за големата популарност на Топџиите.

Хуан Сантистебан, млада репрезентација на Шпанија - 20 години
Години како тренер: Од 1988 до 2008.

 

Сантистебан играл за легендарниот состав на Реал Мадрид во ’60-те години пред да стане селектор на репрезентацијата на Шпанија за играчи до 16 години. Освои дури шест Европски титули со оваа селекција, и тоа со играчи кои не биле родени кога тој бил поставен за селектор.
 
Френки Дури, Цулте Варегем - 22 години
Години како тренер: 1990-1993, 1994-2001, 2001-2010, 2010-

Дури беше тренер на клубот Зулце ВВ цела една деценија пред клубот да го добие името Цулте Варегем, кој го води до денешен ден. Дури не ја напуштил професијата полицаец сè додека Варегем не стигна до 1/18 финалето во Купот на УЕФА. За целиот престој во клубот, Дури еднаш ја освоил титулата државен првак на Белгија.

Сер Алекс Фергусон, Манчестер Јунајтед - 27 години
Години како тренер: од 1986 до 2013

Тешко е да се замисли друг тренер на клупата на Јунајтед. По неговото заминување ништо веќе не е исто во англискиот фудбал. Фергусон освои неверојатни 13 титули со Манчестер, три ФА Купа, 2 Лига на шампиони. Во 1999. година ја освои тројната круна (Премиер, ЛШ и ФА Куп).

Игнацио Кереда, Шпанска женска репрезентација - 27 години
Години како селектор: Од 1988 до 2015.

Кереда е шпанскиот Алекс Фергусон. Во 1997. година стигна до полуфиналето на Европското првенство за жени и до четвртфиналето во 2013. година. Неговиот најдобар момент на клупата беше убедливата победа над Словенија од 17-0 во 1994. година што и натаму е рекорд во било кое натпреварување под закрила на УЕФА.

Рони МекФал, Портдаун - 30 години
Години како тренер: Од 1986 до 2016.

МекФал го презел Северно Ирскиот Портдаун во истата година кога Ферги го презел Манчестер Јунајтед. Во кариерата освои четири титули шампион на Северна Ирска пред да се повлече во март годинава.

Мики Еванс, Карсјус - 31 година
Години како тренер: Од 1983 до 2007 и од 2009 -

Еванс имал 36 годинји кога станал играч-тренер во велшкиот второлигаш Карсјус. Уште е таму на 68 години што значи дека речиси целиот живот го поминал во еден клуб. Освоил три лига купа и го водел тимот до место во Интертото Купот во 2002. година. Кога не е на теренот како тренер, тој скаутира играчи за екипата и работи како продавач на бензин.

Бил Страт, Ренџерс - 34 години
Години како тренер: Од 1920 до 1954 година

Бил Страт има посебно место во срцата на сите навивачи на Глазгов Ренџерс откако на клубот му донел неверојатни 18 титули. Неговиот најславен момент било освојувањето на тројната круна првенство, Шкотски Куп и Лига Куп. Неговиот портрет стои високо во трофејниот музеј на Ренџерс.

Вили Малеј, Селтик - 43 години
Години како тренер: Од 1897 до 1940.

Тоа што е Страт за Ренџерс, Малеј е за најголемиот ривал Селтик. Тој е менаџер со најдолг стаж во еден тим на Островот. Под негова палка Селтик освои 16 титули и 14 шкотски купа. Малеј победил 1.054 од вкупно 1.614 натпревари како тренер на Селтик. Против волјата на управата во староста се фокусирал на младите категории, отколку да троши многу пари на веќе докажани играчи.

Ги Ру, Оксер - 44 години
Години како тренер: Од 1961 до 2005.

Тренер кој најдолго седел на клупаа на еден тим е Французинот Ги Ру кој дури 44 години го водеше Оксер. Во клубот бил цели 53 години, таму ја завршил играчката кариера и почнал како тренер. Оксер бил аматерски тим кога Ру го презел, а во 1979. стигнал до финалето на Францускиот Куп во 1979. година. Следната 1980-та го внесе клубот во првата лига, а Оксер со Ру стана шампион на Франција во 1996. година.

Тој создал многу играчи како Филип Мексес, Џибрил Сисе, Жан-Алан Бумсонг, Стефан Далма, Беноа Педрети и многу други.