Трансфер на векот во хрватскиот фудбал

„Толку ми се допадна кога игравме против Сплит што на полувремето отидов кај браќата Жужул да прашам колку треба за да го земам, но не сакаа да слушнат“, изјави Здравко Мамиќ лани за фудбалерот кој неколку години му беше опсесија и кој конечно го потпиша вчера.

Надарениот хрватски фудбалер Марко Рог (19) е нов член на Динамо Загреб кој за него на РНК Сплит му плати рекордни 4 милиони евра.
 
Младиот Рог во 2014. година од НК Вараждин дојде во РНК Сплит и на 29 натпревари постигна 7 голови. За репрезентацијата на Хрватска до 21 година одигра два натпревари и веќе дебитираше за сениорската селекција и тоа против Аргентина. Покрај бројните понуди од Шпанија, Франција и Германија, Марко Рог на крајот се одлучи да се вдоми кај Здравко Мамиќ, кој повторно намирисал добра прилика за идна продажба на Рог во големите европски клубови.
„На полувремето против Сплит дојдов кај браќата Жужул со намера да го купам Рог, но не сакаа да слушнат. Чориќ е за мене број еден, но Рог ме импресионираше. Уште од Модриќ не сум видел таков играч“, изјави лани Мамиќ.

Рог со довчерашниот газда Жужул

Младиот офанзивец стана и новиот рекордер на ХНЛ со најскапиот трансфер меѓу два хрватски клуба, а воедно стана и најскап играч во историјата на Динамо Загреб. Висината на обештетувањето се проценува на 4 милиони евра плус неколку посто од идната продажба.
„За нешто повеќе од година дена од трета лига во Динамо. Пресреќен сум. Не треба воопшто да потсетувам дека сите во мојот крај навиваат за Динамо, сите знаеме колку се Модрите квалитетни и што значи Динамо во Хрватска и пошироко", изјави малиот Рог на претставувањето.
Пред Рог, првото место го држеше Марсело Брозовиќ кој од Локотива прејде во Динамо за 2,4 милиони евра, колку што Модрите дадоа и за Роберт Просинечки од Севиља. Истата сума Динамо ја плати и за Јуниор Фернандез. Најскапите Топ5 трансфери во Хрватска ги затвораат Анас Шарбини кој од Хајдук се врати во Ријека и бисерите на Загреб, Ибричиќ и Манчукиќ.
 
На листата најскапи трансфери се и оние на Нико Крањчар кој со години го тресеше хрватскиот фудбал откако од Динамо потпиша со Хајдук. Во тој трансфер беа вмешани и убиениот менаџер Дино Покровац, како и Давор Шукер, Игор Штимац и Здравко Мамиќ.
 
ТОП 10 НАЈСКАПИ ТРАНСФЕРИ ВО ХРВАТСКИОТ ФУДБАЛ:
 
Марко Рог од РНК Сплит во Динамо З. - 4 милиони евра
Марсело Брозовиќ од Локомотива во Динамо З. - 2,4 милиони
Анас Шарбини од НК Ријека во Хајдук - 2 милиони евра
Сенијад Ибричиќ од НК Загреб во Хајдук за 1,8 милиони евра
Марио Манџукиќ од НК Загреб во Динамо З. за 1,5 милиони евра
Нико Крањчар од Динамо З. во Хајдук за 1,5 милиони евра
Иван Крстановиќ од НК Загреб во Динамо З. за 1,4 милиони евра
Андреј Крамариќ од Динамо З. во Ријека за 1,2 милиони евра
Валид Ата од Локомотива во Динамо за 1,2 милиони евра
Анте Пуљиќ од Локомотива во Динамо З. за 1,1 милион евра
Ивица Олиќ од НК Загреб во Динамо З. за 1 милион евра
Ивица Врдолјак од НК Загреб во Динамо З. за 1 милион евра.
 
Кратката сторија за Марко Рог на ХТВ:
 
1 јули 2015 - 15:00