Толку од Батигол, Меси здиве против Колумбија и се искачи на тронот

По пауза од 14 години, селекцијата на Аргентина го доби новиот лидер на листата на стрелците. Се вика Лионел Меси кој на мечот против Колумбија се покажа во едно од најдобрите свои изданија во репрезентативниот дрес.

Во 12. коло од јужноамериканските квалификации за Мундијалот во Русија, Лионел Меси по само 9 минути игра изведе слободен удар по кој се мрдна и публиката и коментаторот на дуелот против Колумбија.

Генијот на Барселона ги замолкна критичарите кои сметаат дена не игра добро за репрезентација и ги намести и вториот и третиот гол кои беа дело на Прато и Ди Марија.

Меси има 7 гола на последните 7 натпревари за Аргентина и со 56 гола е прв стрелец во историјата на својата земја. Првата позиција до пред неколку часа ја држеше Габриел Батистута кој беше репрезентативец на Гаучоците од 1991 до 2002 година.

На третата позиција е Креспо со 35 гола, Марадона има 34, Агуеро 33, Игуаин 31...

Со оваа важна победа за која е најзаслужен нивниот лидер, Аргентина си го подигна моралот и излезе од онаа зона која не им носеше место меѓу учесниците на СП 2018. Во следното коло на 23 март идната година се домаќини на Чиле.

Голчиштето на Меси и урлањето на коментаторот за 1:0

Истиот гол снимен од трибина

Асистенцијата до Прато за 2:0

Упорноста на Меси и асистенцијата до Ди Марија за 3:0

Лудачкиот трк

Инаку по завршувањето на средбата на прес конференцијата се појави цела селекција на Аргентина, а Меси ги извести новинарите дека ќе бојкотираат и нема да даваат изјави бидејќи во медиумите се појавиле обвинувања за Лавеци дека пушел марихуана.

Како го испратија навивачите

16 ноември 2016 - 09:16