Тимот со најдобра одбрана и најлош напад во Европа

Не знаеме дали го играат најдосадниот фудбал бидејќи не сме ги гледале, ама сигурно се најнеефикасни во Европа бидејќи така вели нивната статистика. Од 26 меча одиграле само еден кој завршил 3+, па сега вие видете.

Приказната е за Пиза, италијанскиот второлигаш кој под водство на Џенаро Гатузо сезонава ја има најчудната статистика од 11 дадени и 15 примени голови на 26 средби, што ги прави дефинитивно најнеефикасен клуб во Европа.

Фудбалерите на Гатузо се за пофалба што имаат така цврста одбрана, ама истовремено нападот им е ужас. Во просек примаат по 0.6 голови по натпревари, а даваат по 0.44.

На 26 средби дури 13 пати одиграле нерешено, 8 пати загубиле и 5 пати победиле. Само Латина е клубот кој има едно реми повеќе од нив, ама тие немаат неефикасен голгетерски скор.

Од кладилничарски аспект во очи ни паднаа следниве три факти:

- Од 26 кола само еден меч им завршил 3+.

- Од 25 меча кои ги одиграле 0-2 гола, 19 се 0-1 гол.

- Од 13 нерешени средби, 8 завршиле со резултат 0:0.

Што да ви кажеме друго, пробајте се на спортска на Пиза, има уште 16 кола до крај во Серија Б.

Ова е табелата

А ова се резултатите на Пиза од досегашниот дел од сезоната

20 февруари 2017 - 12:18