Тери става глава каде што некој не би ставил нога

Иако сезонава беше меѓу резервите, Антонио Конте не е Спалети и му даде 90 минути можност на Џон Тери да го осети Стемфорд Бриџ како што треба, веројатно за претпоследен пат. Тој возврати со гол уште по 22 минути игра и борбеност како да е ова финале во ЛШ.

Велат дека Тери обажа да игра со глава без разлика каде е топката. 

Челси во последното коло игра против Сандерленд, меч на кој капитенот ќе се прости од лондонскиот тим на кој му служеше вкупно 22 години со се стажот во младинскиот сектор.

Освои 5 титули во Премиер лигата, 5 во ФА Купот, 3 во Лига Купот и по еден трофеј во ЛШ и ЛЕ.

Тој е еден од петмината фудбалери во историјата на Челси со над 500 настапи, како и најдобар стрелец меѓу дефанзивците.

Ова е синоќешниот негов гол број 67 за Челси со кој го отвори резултатот против Ватфорд (вкупни 4:3)

Дел од прослава на титулата која математични ја обезбедија минатото коло на гостувањето против ВБА.

16 мај 2017 - 09:22