Тајните на Мурињо кои ги откриваат неговите играчи

„I am the special one“ – си рече самиот кога пред 10 години ја започна првата авантура во Лондон. Од тогаш каде и да отиде е атракција пред камерите. Славните фудбалери кои ги тренираше самите ќе ви кажат зошто е посебен.

 “Mourinho – Happy Special“ се вика книгата за арогантниот Португалец во која познатите играчи кои ги тренираше во Порто, Челси, Интер и Реал Мадрид го потврдуваат прекарот на Жозе кој самиот си го даде.

- Знае одлично да комуницира со играчите и што е најважно никогаш не се откажува – Чаби Алонсо.

- Ми се допаѓа затоа што вистината ти ја кажува во лице – Алваро Арбелоа.

- Ми помогна многу во работата од психолошки аспект и сега сум посилен – Карим Бензема.

- Ги анализира противниците подобро од секој друг тренер и им ги знае силните и слабите страни на сите играчи и тимови – Кристијано Роналдо.

- Спремен е да умре за своите фудбалери, и тоа не зборувам само за првотимците, туку и како во мојот случај со резервите – Марко Матераци. 

- По освојувањето на првото Скудето, кое го освоивме на три кола пред крајот, ми рече да одам во Дубаи со жена ми, со образложение дека многу сум работел за него и за тимот и дека сум заслужил една недела одмор – Дејан Станковиќ. 

- За Мурињо секогаш ќе има место во моето срце. Се започна кога ми рече: утре ќе играш, имам доверба во тебе – Весли Снајдер. 

- Чекав 15 години да ја освојам Лигата на шампиони и таа ноќ плачевме заедно и се гушнавме затоа што станавме добри пријатели и веќе и двајцата знаевме дека ќе оди во Мадрид – Хавиер Занети. 

- Сите ние, не само играчите, туку сите кои работат во Челси, го носиме во срце – Џон Тери. 

- Сака да учествува од секој аспект во тимот и да контролира се – Маниче. 

- Иако е број 1 во светот, продолжува да работи повеќе од сите други – Деко.

16 април 2014 - 19:16