Судиски грешки на штета на Барселона сезонава

Весникот El Mundo Deportivo кој е со седиште во Каталонија, ја проанализирал работата на судиите на средбите на Реал и Барселона во шпанска Примера и дошол до заклучок дека арбитрите ја направиле бодовната разлика во корист на „Кралевите“.

Според угледниот El Mundo Deportivo да не постоеле судиски грешки во корист на Реал и на штета на Барса табелата би била: Барселона 45 бода (19 одиграни средби), Реал 35 (18 одиграни средби). Во моментов после 18 меча во Ла Лига, Реал има 43 бода а Барса на 19 одиграни освои 41 бод.

Видеа од спорните моменти на дуелите на двата најголеми шпански клуба:

27. август 2016, 2.коло: Реал - Селта 2:1
Судија Рикардо Бенгоечеа

Мората кој е во офсајд учествува во акцијата и на крајот сама ја завршува. Плус два бода за Реал.

2. октомври 2016 7 коло: Селта - Барселона 4:3

Судија Ињаки Биканди Гаридо

Недосуден очигледен пенал над Нејмар. Минус еден бод за Барселона.

19. ноември 2016, 12. коло: Барселона - Малага 0:0
Судија Рикардо Бегоечеа

Поништен гол на Пике, причина - офсајд. Минус два бода за Барселона.

27. ноември 2016, 13. коло Реал Сосиедад - Барселона 1:1
Судија Хесус Хил Мансано

Линискиот судија крена офсајд при резултат 1:1 и им поништи чист гол на домаќините. Плус бод за Барса.

8. јануари, 17.коло: Виљареал - Барселона 1:1
Судија Игнасио Иглесијас Виљануева

Судијата не свирна пенал за Барса за игра со рака на фудбалер на Виљареал. Минус два бода за Барселона:

21. јануари 2017, 19. коло: Реал - Малага 2:1
Судија Хесус Хил Мансано

Во акцијата за вториот гол против Малага, Серхио Рамос беше во офсајд. Плус два бода за Реал: