Старите или новите „Кралеви“?

Со купувањето на Тони Крос од Баерн, а денеска официјално и на Хамес Родригез од Монако, Реал Мадрид создаде силна петорка која ќе биде задолжена за полнење на мрежите и освојување на трофеи. Некои почнаа да прават споредби со славните Зидан, Фиго, Бекам, Раул и Роналдо.

Со ваквите транфери на Флорентино Перез, Реал Мадрид постојано ги поместува границите во фудбалот за тоа колку реално треба да вреди еден играч. 

Само нивниот најголем ривал знае да издвои приближно толку пари за засилувања.

22 јули 2014 - 17:01