Солзавец, дрон, напад на фудбалери и прекин на Бомбонера

Третото овосезонско дерби меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата имаше неславен крај, откако домашните навивачи се протнаа во тунелот и фрлија солзавец директно во пет фудбалери на Ривер.

Натпреварот почна спектакуларно, Бомбонера светеше од пиротехника и кореографии, а пред почетокот имаше едно-минутен молк за Емануел Ортега, фудбалерот кој загина пред два дена кога удри со глава во ѕид за време на натпревар.

Првото полувреме заврши без голема тензија и проблеми. Иако фудбалерите на Бока беа многу нервозни и заработија дури пет жолти картони, на паузата се отиде мирно. Сепак кога гостинските фудбалери тргнаа кон тунелот во соблекувалните, неколку хулигани успеаа да направат дупка на тунелот и да уфрлат солзавец кој заврши директно во очите на фудбалерите на Ривер Плата.
 
Дуелот почна во фантастична атмосфера, својствена за најголемото светско дерби:
 
 
Еве како го активираа солзавецот:
„Копилињата нè отруја! Не гледам ништо!“, урлаше Лео Понсио пред камерата. Покрај него хемикалиите ги зафатија и Краневитеро, Фунес Морија, Пити Мартинез и Ванџони.

Реагираше првата помош и медицинските тимови на двете екипи кои им дадоа влажни пешкири и вода на фудбалерите кои не гледаа ништо од солзавецот. Додека траеше прекинот, навивачите на Бока продолжија со хаосот и лансираа дрон. На дронот висеше бело платно во облик на дух на кое стоеше буквата Б. Со тоа домашната публика алудираше на испаѓањето на Ривер во втората лига пред некоја година.
 
Проблемите продолжија на теренот, каде претседателот на Ривер Донофрио бараше прекин на мечот, а него го нападна тренерот на Бока Аруабарена. Во ситуација кога дури пет играчи не беа спремни да продолжат, судијата Ерера го прекина мечот после еден час и 20 минути. Ривер Плата најверојатно службено ќе го добие мечот и ќе обезбеди пласман во четврт-финалето на Копа Либертадорес.
 
Дронот со изглед на дух и буквата Б за втора лига:
 
Прекинот:
 

Средбата ја следеше и тенисерот Хуан Мартин Дел Потро