Сите ноќни кошмари на „ѓаволите“ во Лига купот

Поразот од МК Донс во англискиот Лига куп не е прв во историјата на тимот кој ја загуби стабилноста по заминувањето на Фергусон.

Поранешниот селектор на Холандија, Луј Ван Гал ја превзеде тренерската палка по оставката која што клубот му ја врачи на претходникот Дејвид Мојес, по седмото место во првенството.
 
Како ретко кога, „црвените ѓаволи“ летово потрошија енормни 131,7 милиони фунти во летниот преоден рок, во кој дојде најголемото засилување Анхел Ди Марија.
 
Сепак, тоа не беше доволно, Манчестер, иако со комбиниран состав, да избегне мизерен пораз на гостување кај третолигаш.

 „Не сум шокиран, затоа што знаев што може да се случи. Не сакам да звучи како оправдание, но измените кои ги направив во тимот беа ризични, а МК Донс одигра одличен натпревар“, изјавил Ван Гал по дебаклот на Јунајтед синоќа.
Англиските медиуми пресметале дека ова е најлошиот старт на сезоната за Јунајтед од 1992. година, а Манчестер прв пат загубил во првото коло на домашен терен по 1972. година (сезонава од Свонси 1:2). 
 
Инаку, синоќешниот дебакл во Лига купот не е прв во историјата на клубот од индустрискиот град кога ова натпреварување е во прашање.
 
- 2011/12. четвртфинале: пораз на домашен терен од Кристал Палас, во судиското продолжение;
 
2007/08. Мајкл Мисфуд постигна два гола во триумфот на Ковентри над Јунајтед на „Олд Трафорд“ во третото коло;
 
- 2006/07. четврто коло: Фреди Иствут со ефектен гол од слободен удар беше најзаслужен за елиминацијата на Манчестер Јунајтед;
 
-1997/98. трето коло: Фергусон поразен од второлигашот Ипсвич со 2:0 на Портман Роуд стадионот во Ипсвич;
 
-1995/96. второ коло: Пол Барнес даде два гола во победата на Јорк од 3:0 против големиот фаворит на „театарот на соништата“.
 
-1990/91. финале: Манчестер Јунајтед загуби од Шефилд Венздеј во спекталурното финале на стариот Вембли. Џон Шеридан постигна ефектен гол за славје на аутсајдерот;
 
1986/87. повторен дуел од третото коло: Рон Аткинсон доби отказ во Манчестер после поразот од 4:1 од Саутемптон;
 
1983/83. повторен дуел од второто коло: Оксфорд го совлада Јунајтед со 2:1 на Манор Граунд стадионот во годината кога од конференцијата влезе во втората лига.
 
1978/79. трето коло: Со двата гола на Лутер Блисер, третолигашот Ватфорд го преживеа „Олд Трафорд“.
 
1972/73. повторен дуел од третото коло: Јунајтед немал среќа ниту под водство на Франк О'Фарел кој на домашен терен загубил 2:1 од третолигашот Бристол Роверс.
27 август 2014 - 14:19