Сите мајмунлуци на Марио Балотели

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, по Милано, веројатно повторно ќе се врати на Островот. Милан и Ливерпул постигнаа договор за трансфер вреден 20 милиони евра, но се чека уште потврдно „да" од Балотели со што повторно би им отворил работа на таблоидите.

Според англискиот печат, Марио Балотели со клубот од Мерсисајд ќе потпише 4 - годишен договор според кој ќе заработува 6 милиони евра по сезона. За „граѓаните“ од Манчестер, контроверзниот напаѓач одигра 54 наптревари и постигна 20 гола, а секоја негова глупост одеше по насловните страни.

Кавгите со колегите му беа секојдневие

Одличниот настап против Јунајтед и легендарната маичка

Освен со Де Јонг, расчистуваше сметки и со Коларов

Темпераментот не му го смири ниту Роберто Манчини

Па се забуткаа на тренинг

Освен по бељите, стана препознатлив и по фризурите

На температура под нулата му ги здипли ракавиците на Агуеро

Моментот кога не може да облече маркер за тренинг стана хит на интернет

Во дуел од Лига Европа, страдаше и нашиот Горан Попов

Со капа како петел

Го казнуваа за некоректна прослава на гол па ја смени 

Сигурно по интернетов се наоѓа уште некоја глупост која ја направил, како на пример упаѓањето на прес конференција, ладењето и поздравот кога Италија беше елиминирана во групната фаза на Мундијалот во Бразил.

21 август 2014 - 14:29