Сите досегашни битки меѓу Јуве и Реал во ЛШ

Финалето во Кардиф ќе биде 19-то соочување меѓу титаните на европскиот и светски фудбал кои само еднаш се сретнале во финале. Колку се овие екипи изедначени покажува и нивната историја. 8 победи на Реал, 8 на Јуве и две нерешени средби.

1961/1962 (четвртфинале) Јувентус - Реал Мадрид 0:1
1961/1962 (четвртфинале) Реал Мадрид - Јувентус 0:1
1961/1962 (четвртфинале, решавачка) Јувентус - Реал Мадрид 1:3
 
 
Првиот нивни дуел датира од Купот на Европски шампиони кога и двата меча завршија со идентичен резултат, па победникот се решаваше на неутрален терен во Париз. Реал тогаш стигна до финале, но и покрај хет-трико на Пушкаш не го подигна трофејо. Шампион беше Бенфика со Еузебио која славеше 5:3.
 
1986/1987 (осминафинале) Реал Мадрид - Јувентус 1:0
1986/1987 (осминафинале) Јувентус - Реал Мадрид 2:4

25 години потоа нова новна пресметка, повторно во нокаут фаза и повторно Реал Мадрид како победник, но овој пат на пенали. Таа сезона стигнее до полуфинале каде беа елиминирани од Баерн Минхен.

1995/1996 (четвртфинале) Реал Мадрид - Јувентус 1:0
1995/1996 (четвртфинале) Јувентус - Реал Мадрид 2:0

Прва нивна средба во новоформираната Лига на шампиони, но овој пат по две елиминации Јувентус предводен од Липи како победник. Првиот дуел го реши Раул, а на реваншот младиот Дел Пјеро изведе перфектен слободен удар, а потоа Микеле Падовано погоди за полуфинале. Јувентус во следната фаза го мина Нант, а во финале беше подобар од Ајакс, за втор и последен трофеј во ЛШ.
 
1997/1998 (финале) Реал Мадрид - Јувентус 1:0

Трето финале во низа за Јувентус, но и најлошо одиграно во ерата на Липи. Мечот го реши Предраг Мијатовиќ за седми трофеј во ЛШ на кралскиот клуб.
 
2002/2003 (полуфинале) Реал Мадрид - Јувентус 2:1
2002/2003 (полуфинале) Јувентус - Реал Мадрид 3:1

Посвежи ни се сеќавања од нивниот пеколно неизвесен двомеч во полуфиналето пред 15 сезони. Давид Трезеге постигна гол на Бернабеу кој беше ветувачки за Бјанконерите. Реваншот нема да го заборават бидејќи го одиграа еден од најдобрите мечеви во ЛШ. Трезеге 1:0, Дел Пјеро 2:0 уште во прво полувреме. Потоа Буфон му одбрани пенал на Фиго, а Недвед од контра ги постави конечните 3:1. Јуве во финале загуби од Милан.
 
2004/2005 (осминафинале) Реал Мадрид - Јувентус 1:0
2004/2005 (осминафинале) Јувентус - Реал Мадрид 2:0

По Липи, со елиминање на Реал во нокаут фаза продолжи и Капело. Јувентус повторно беше во негатива од првиот дуел и повторно на реваншот возврати со гол на Трезеге. Овој по идентичните 1:0 мечот се реши во продолженија каде човек на одлука беше Ѕалајета. Јувентус во четвртфинале наиде на Ливерпул кој таа сезона го освои трофејот.
 
2008/2009 (групна фаза) Јувентус - Реал Мадрид 2:1
2008/2009 (групна фаза) Реал Мадрид - Јувентус 0:2

Јувентус под водство на Раниери на два пати го совлада Реал во групната фаза. Прво во Торино со головите на Дел Пјеро и Трезеге, а потоа на реваншот Алекс блесна со уште два. Кога беше заменете му аплаудираше цел Бернабеу. Јувентус и Реал тогаш стигнаа до осминафинале.
 
2013/2014 (групна фаза) Реал Мадрид - Јувентус 2:1
2013/2014 (групна фаза) Јувентус - Реал Мадрид 2:2

Ново соочување во групната фаза овој пат со други актери. Кјелини на првиот дуел доби црвен картон, а на реваншот головите на Видал и Љоренте не беа доволни за одмазда. Стрелци за Реал беа Бејл и Роналдо. Јуве тогаш заврши трет во група и премина во Лига Европа, а Реал ја славеше Ла Десима.
 
2014/2015 (групна фаза) Јувентус - Реал Мадрид 2:1
2014/2015 (групна фаза) Реал Мадрид - Јувентус 1:1

По пауза од 13 години Јувентус стигна до финале во ЛШ откако во полуфиналето го елиминираше Реал Мадрид, но во Берлин загуби од Барселона. На првиот дуел погодија Тевез од пенал и Мората кој даде гол и на реваншот.
3 јуни 2017 - 13:53