Што значеше да ги имаш Монтела и Манчини во напад

Еден доста интересен, атрактивен и богат ретро флеш од Серија А со 9 голови во кои главни протагонисти се двајца актуелни тренери кои важеа за големи стрелци во 90-те.

Серија А, сезона 1996/1997, Удинезе против Сампдорија, прв меч во јануари. Тимот од Фриули предводен во напад од Бразилецот Мауро Аморозо, а тренер Алберто Ѕакерони, против Самп која ја водеше Свен Горан Ериксон кој во состав располагање со имиња како Михајловиќ, Верон, Карембе, Монтела, Манчини.

Се работи за спектакурален меч со ретко виден резултат во италијанско од конечни 4:5 и предност на полувреме на Сампдорија од 2:4. Хет-трик на Манчини уште во прво полувреме и по два гола на Монтела и Аморозо.

Таа сезона Серија А ја сочинуваа 18 екипи. Шампион беше Јувентус кој заедно со Парма се пласираа во ЛШ, а Удинезе и Сампдорија со Интер и Лацио беа дел од Купот на УЕФА. Милан, Рома и Наполи ги немаше во горниот дел од табелата.

Монтела беше втор стрелец со 22 гола, два помалку од лидерот Пипо Инѕаги, а Манчини го делеше 5-то место заедно со Џузепе Сињори и Марко Негри кои имаа по 15.

7 јануари 2017 - 13:37