Што треба да знаете ако го величате Роналдо на кафанска маса

Вечната дебата околу тоа кој е подобар/покорисен/поспретен на моменти изгледа бесмислена и празна. И едниот и другиот играат во иста ера, така што одговорот на дилемите го носат самите учесници во дискусијата. Како љубителите го бранат Португалецот во однос на чудесниот Меси?

Роналдо е финансиски чист

Изминатово лето, веста дека Лионел Меси одново не платил данок (или дека неговиот татко не платил данок) беше една од најактуелните во светот на спортот. 

Судот ги обвини за затајување на данок на 4 милиони евра кои ги добиле за правата на имиџ на фудбалерот. Лионел Меси и татко му добија 21 месец условна затворска казна, иако Лео на суд изјавил дека тој потпишувал се што ќе му даде татко му во врска со финансиите.

Понекогаш се чини дека семејството на Меси во извесна мера личи на фамилијата Сопранови. Хорхе Меси, татко му на Лионел во 2016-та година неколку пати бил на суд поради економски престапи. Повеќе проблеми во минатото правел и постариот брат на Меси кој во септември го осудија поради нелегално поседување оружје со кое наводно заплашувал некој дечко во Росарио.

Сега тој ќе мора да се воздржува од алкохол и наркотици и 4 часа неделно да предава фудбал во академијата на аргентинскиот Росарио. Роналдо исто така доаѓа од едноставно, просто семејство, но неговите роднини го научиле адекватно да се носи со богатството. Семејството Сантош Авеиро речиси да нема некоја дамка надвор од законот.

Роналдо подобро изведува пенали

Ако сте сомневале во ова, погледнете ја статистиката. Од 104 изведени, Роналдо погодил 87 пенали (83,6%), а Меси од 86 изведени, реализирал 67 (77,9%). Португалецот на некој начин е поприбран при изведувањето на пеналот и знае да ја одржи хируршката смиреност.

Роналдо е поефикасен од Меси

Од почетокот на сезоната 2009/2010 кога Кристијано го напушти Манчестер Јунајтед и дојде во Реал Мадрид, до денес, тој дал 269 гола во Ла Лига. Меси за тој период има постигнато 266 гола, или само три помалку. Меси во тој период одиграл 248 меча а Роналдо пази, само три помалку.

Кристијано Роналдо е рекордер во Лигата на шампионите по тоа што дал 96 гола во ова натпреварување. Аргентинецот постигнал 90. Разликата во противниците не е голема, и едниот и другиот играле и против Малме, Викторија Плзен, против Лудогорец, Бате Борисов или АПОЕЛ.

Роналдо е поуспешен со репрезентацијата

После Европското 2016-та многу луѓе кои дебатираат на тема Роналдо VS Меси зборуваа за повредата на Кристијано во финалето и освоениот пехар, но и за новиот неуспех на Меси со Аргентина во финалето на Копа Америка во САД. Притоа Роналдо има и сребро од Европското 2004 на домашно тло.

Од друга страна, треба да се има предвид дека современата аргентинска репрезентација игра во далеку потежок циклус квалификации во Јужна Америка.

Роналдо е поотворен за публиката

Да, важи за нарцис, за самобендисан, за арогантен и за безобразен. Но Кристијано многу пати покажал великодушност (во јуни годинава донирал 600.000 евра за хуманитарниот фонд на ОН), емотивност, дружељубивост и поотворен. Може да соберете многу придавки кои би ги опишале сите аспекти на неговиот карактер.

Каков е Лионел Меси? Аргентинецот, веројатно по своја желба никако не може да ги погоди правите пиар-агенти. Божествено делува на теренот, но надвор од него како да е безбоен, што пак ќе кажеме е негов личен избор на кој никој нема право да му замери. Во разговор за Офф.нет.мк , минатата година нашиот репрезентативец Давид Бабунски раскажа дека Меси е толку пристоен и внимателен што буквално никој не може да забележи кога влегува во соблекувалната и кога се облекува.

Роналдо мисли за иднината

Кристијано веќе започнал еден куп проекти кои ќе му овозможат удобен живот и после фудбалот, ако некако милионите му испарат во меѓувреме. Модната линија CR7 преку бутици е отворена во неколку португалски градови а во нив може да се најде облека и за мажи и за жени. Неодамна Роналдо се запишал и во хотелиерски бизнис, отворил мрежа на ресторани Pestana CR7 во Лисабон и во родниот Фуншал. Брзо такви хотел-ресторани ќе отворел и во Мадрид и Њујорк.

Инвестициите на Кристијано изгледаат доволно разумно затоа што е малку веројатно дека луѓето ќе престанат да патуваат во блиска иднина.

Со што ќе се занимава Лео Меси по завршувањето на кариерата не е сосема јасно. Очигледно Лионел се обезбеди до крајот на животот и себе и неколку поколенија во семејството. Неговите јавни настапи се мошне ретки, тој не се експонира па од таа причина последниот настап на прес-конференцијата со аргентинската репрезентација делуваше невообичаен. Освен постовите на Инстаграм, Меси не комуницира многу со светот.