Што ако Манчестер Јунајтед сезонава го немаше Златан

Математиката е проста. Манчестер Јунајтед ќе имаше 13 бодови помалку и ќе беше три места подолу на 9-то место. Тоа се должи на срамниот придонес на останатите напаѓачи кои не се ни блиску до двоцифрен број на голови, за разлика од стариот кој игра како во млади дани.

Златан Ибрахимовиќ има 35 години и според тоа што го игра воопшто не му се познаваат. Има 14 голови во Премиер лига и ја дели лидерската позиција заедно со Санчез и Коста и вкупно 20 на сите натпреварувања. Погба и Мата по 4, Руни 1.
 
Тој учествувал со 25% од вкупниот број на удари на сите играчи (89 од 351) и 29% од неговите удари завршиле во рамки на гол (36 од 121 на цел тим). Мурињо нека се крсти во него до крајот на сезоната бидејќи со помош на неговиот придонес, Јунајтед е во зоната на УЕФА.
 
Броевите во заграда се бодовите кои ги освои Манчестер Јунајтед, а вторите се пресметани ако него го немаше во тим.

vs Бурнемут (3) 3
- Гол на дебито во Премиер лига.
 
vs Саутемптон (3) 1
- Постигна два гола за три бода на Олд Трафорд.
 
vs Хал (3) 3
- Победа на Јунајтед и прв меч на Ибра без да постигне гол
 
vs Манчестер Сити (0) 0
- Беше стрелец на градското дерби, но избраниците на Гвардиола постигнаа два гола.
 
vs Ватфорд (0) 0
- Лош ден за Ибра и неговиот тим кој погодија преку Рашфорд, но примија три комада.

vs Лестер (3) 3
- Висок триумф на Јунајтед од 4:1 против шампионот на кој тој повторно не беше меѓу стрелците.

vs Стоук (1) 1
- Гол на Марсијал против Стоук, но конечни 1:1
 
vs Ливерпул (1) 1
- Натпревар без голови на дербито и само 35,6% посед на топка за момците на Мурињо.
 
vs Челси (0) 0
- Колапс на Јунајтед на Стемфорд Бриџ од 4:0.
 
vs Барнли (1) 1
- Само 0:0 против Барнли и црвен картон за Херера.

vs Свонси (3) 1
- Ноември месец го почнаа со стил и гостинска победа од 1:3 на која Ибра беше двоен стрелец.
 
vs Арсенал (1) 1
- Во 12-то коло го пречекаа Арсенал, но без суспендираниот Ибра одиграа само 1:1.
 
vs Вест Хем (1) 0
- Се врати со гол против Вест Хем за конечно реми.
 
vs Евертон (1) 0
- Нов нерешен резултат со гол на Ибра
 
vs Тотенхем (3) 3
- Победа против Тотенхем на Олд Трафорд со погодокот на Михтаријан.
 
vs Кристал Палас (3) 1
- Решавачки гол против Кристал Палас во 88 минута за 3 бода.

vs ВБА (3) 1
- Гостински триумф од 0:2 со два гола на Златан.
 
vs Сандерленд (3) 1
- Одново двоен стрелец, овој пат за 3:1.
 
vs Мидлсброу (3) 3
- Победничката серија продолжи со голови на Погба и Марсијал.
 
vs Вест Хем (3) 3
- Јунајтед славеше 2:0 со головите на Мата и Ибра.
 
vs Ливерпул (1) 0
- И второто дерби против Ливерпул заврши без победник бидејќи Ибра израмни во 83 минуа.
 
Манчестер Јунајтед е на 6. место со 40 бодови.
Без Ибрахимовиќ ќе беше 9-ти со 27 бодови.
21 јануари 2017 - 10:59