Шаќири ќе игра за Косово затоа што остана без капитенска лента

Најдобриот фудбалер на Швајцарија, Ѓердан Шаќири го нарушил мирот во кампот на оваа репрезентација откако изјавил дека ќе продолжи да игра за Косово затоа што му ја зеле капитенската лента во Швајцарија.

Се било така мирно во кампот на Швајцарија во Монпеље, особено после триумфот над Албанија. Швајцарците биле самоуверени и атмосферата била одлична.
За да не биде се така розoво пред тешкиот дуел со Романија во Париз утре вечер избил скандал. Ѓердан Шаќири, најдобриот играч изјавил денес: „Што ако селекторот на Косово ме сака како капитен? Секако дека ќе размислам за тоа“.
Фудбалерот на Стоук Сити ова го изјавил во контекст на разговорот околу тоа што Косово на 3. мај беше примено во УЕФА како полноправна членка, а 10 дена подоцна и од ФИФА. Косоварите ќе се натпреваруваат во квалификациите за Светското првенство во Русија а ќе играат во група со Хрватска, Исланд, Украина, Турција и Финска.
 
Ѓердан Шаќири е роден во 1991. година на Косово. Неговата фамилија емигрирала во Швајцарија кога тој бил бебе, а подоцна се одлучи да настапува за земјата во која што израснал.
 
За Швајцарија дебитирал во 2010. година кога легендарниот Отмар Хицфилд го викнал во репрезентацијата а истата година Шаќири играше и на Светското првенство во Јужна Африка, а подоцна и на Мундијалот 2014-та во Бразил. Тој е најголема ѕвезда во сегашниот состав на селекторот Владимир Петковиќ. Можноста Шаќири да заигра за Косово постои, и покрај тоа што тој веќе играл за Швајцарија, затоа што Косово е нова нација членка на УЕФА и ФИФА.
 
Селекторот Петковиќ има и други играчи кои се родени на Косово или имаат Албанско-косовско потекло (Гранит Џака, Шани Тарашај, Валон Бехрами, Адмир Мехмеди и Блерим Џемаили) кои би можеле да заиграат за Косово. Сите освен 21-годишниот Тарашај кој неодамна потпиша со Евертон играа против Албанија.
 
Нервозата расте и во Албанија, пишува Гардијан, затоа што и неколку нивни репрезентативци имаат право да играат за Косово, па дури и оние кои играат за други земји, како на пример Аднан Јанузај од Белгија. Џака и Бехрами, главниот тандем од средниот ред на Швајцарија изјавија пред почетокот на Европското дека ќе останат верни на Швајцарија, но чуди изјавата на Шаќири особено пред тешкиот меч со Романија.
 
Кога селекторот Петковиќ ја донел тешката одлука наместо долгогодишниот капитен Гокхан Инлер кој имаше очајна сезона (не заигра во Лестер), да го именува Стефан Лихштајнер за нов капитен. Шаќири бил лут и разочаран поради оваа одлука.
 
Братот на Шаќири, Ердин бил менаџер на најголемиот талент во Швајцарија Брел Емболо (19) кој би можел да потпише со Манчестер Јунајтед.