Се појави дрон и во Премиер лигата

Инцидентот во Белград не треба да биде, но како да им станува инспирација на навивачите кои овој викенд управуваа со летало на стадионот Етихад.

Полицијата уапси 41 годишен маж од Нотингем кој на саботниот дуел помеѓу Манчестер Сити и Тотенхем е забележан како управува дрон на источната трибина на стадионот Етихад. Портпаролот изјавил дека е уапсен поради тоа што го прекршил редот во воздухопловната навигација.

„Беспилотните летала претставуваат закана за безбедноста на толпата и може да предизвикаат тревога меѓу луѓето. Дури и малите вакви направи може да летаат по 7-8 километри и да предизвикаат повреда или одредена штета. Во случајот за среќа никој не беше повреден“, се вели во соопштението на англиската полиција.

Фудбалерите на Манчестер Сити, Александар Коларов и Матија Настасиќ беа во составот на својата репрезентација кога за време на квалификацискиот меч помеѓу Србија и Албанија, гостинските навивачи управуваа со леталото на кое беше закачено знаме од голема Албанија.

За инцидентите се уште се чека реакција од УЕФА која треба да ги одреди казните, а првичната реакција на Мишел Платини беше, што ако на дронот наместо знамето имаше бомба?

Привремено решение

20 октомври 2014 - 17:23