Само 12 клуба во Европа дале повеќе голови од Роналдо

Во воведните 6 кола од шпанската Примера, Португалецот постигнал повеќе погодоци од 104 тимови во 5-те најдобри европски лиги.

Марка пресметала дека Кристијано Роналдо со 13 гола во досегашниот тек од сезоната има просек  од 2,16 гола по натпревар. Доколку ја задржи формата од претходните 2 сезони, кога имаше по 34 гола на крајот од сезоната, Роналдо годинава би можел да ја заврши со 73 погодоци.

Во шпанската Ла Лига, Реал Мадрид досега постигна 25 гола, зад нив е Олимпик Марсеј во Франција со 23, Челси со 21, Барса 19, колку што има и Бенфика. Валенсија во 6 кола постигна 17 голови, Баерн Минхен, Бордо, Лион и ПСЖ имаат по 15, а Манчестер Сити и Виторија Сетубал 14 голови.

Кристијано Роналдо има 13 голови на своето конто, со што дал повеќе голови од секој од 112-те клуба во досегашниот дел од европските ТОП 5 првенства.