Руанда му плати на Арсенал 30 милиони фунти за реклама и го крена туризмот

Пред две и пол години Арсенал го потпиша можеби најнеобичниот рекламен договор во Премиер лигата. Првпат во клупската историја тимот од северен Лондон на ракавите од дресовите стави реклама.

За 30 милиони фунти африканската земја Руанда потпиша договор со Арсенал и стана официјален партнер на клубот за туризам.

Зделката не била добро прифатена - клубот го критикувале за чуден избор, а властите во Руанда за нерационално трошење на средства од буџетот.

Времето покажало дека договорот бил од полза и за двете страни, а Руанда неодамна го искористи тоа па потпиша сличен договор и со Пари Сен Жермен.

КАДЕ ТОЧНО СЕ НАОЃА РУАНДА?

Светот последен пат често слушаше за оваа земја во 1990-те години и тоа во не баш пријатен контекст. Руанда е еден од најсиромашните аграрни реони во самиот центар на Африка.

Оваа зеја има густо население - отприлика по 421 жител на 1 квадратен километар.

Во Руанда нема пеколни горештини како во повеќето африкански земји и благодарение на тоа има плодна земја. Руанда се наоѓа доволно високо над морската висина (главниот град Кигали е на 1.500 метри) така што просечната температура е меѓу 19 и 21 степен.

Во ХХ век во оваа земја траеле борби меѓу племињата хуту и тутси, така што илјадници претставници на двете племиња бегале во соседна уганда.

Откако Руанда прогласила независност во 1962 година, со земјата управувале племето хуту кои исто се бореле меѓу себе за власт.

Во 1990-та генерација тутси израсната во емиграција, ја основало воената организација Патриотски Фронт на Руанда на чело со генералот Пол Кагаме.

Почнала нова граѓанска војна, племето тутсу жестоко се одмаздувало. Тогаш се случил и еден од најпознатите настани во современа Африка: Авионот на претседателот хуту Жовенал Хабиариман веднаш по потпишувањето на договорот за коалициско водење на земјата, бил срушен по полетувањето.

Набрзо на власт дошол Патриотскиот фронт на Руанда кој зазел голем дел од земјата. Поранешниот командант Кагаме го избрале за претседател во 2000-та година.

Според разни податоци, за време на геноцидот во Руанда загинале од 500.000 до 1 милион жители. Оваа трагедија од најстрашни размери толку сериозно влијаела на жителите што денес темата геноцид во Руанда е под најстрога забрана.

Претседател на земјата и денес во 2020-та година и натаму е Пол Кагаме. Во 2015-та година во Руанда имало конституционален референдум кој му овозможил на Кагаме да остане на власт до 2034 година.

СКАПИОТ ДОГОВОР ЗА СПОНЗОРСТВО СО АРСЕНАЛ ЈА РАЗГНЕВИЛ ЈАВНОСТА, АМА ПОСЛЕ ДВЕ ГОДИНИ ДОНЕЛ КОРИСТ

Претседателот Кагама успешно се труди да го развие туризмот на земјата. Во рамките на проектот Совет за Развој на Руанда (Rwanda Development Board - RDB) во мај 2018-та година бил склучен првиот договор меѓу земјата и еден фудбалски клуб.

Руанда стана прв официјален партнер на Арсенал за туризам.

Сигурно сте го виделе натписот Visit Rwanda на ракавите на дресовите на Арсенал (и машки и женски клуб).

Покрај тоа, според договорот, овој натпис треба да се појавува 6 минути од 90 во текот на еден меч на рекламните екрани околу теренот на секој натпревар на Арсенал на „Емирејтс“.

Тренерите од академијата на Арсенал редовно да ја посетуваат африканската земја, да водат тренинг школи за млади фудбалери од кои најталентираните би отишле и на проба во лондонскиот гигант.

Играчите на Арсенал исто така периодично треба да одат во Кигали, на сафари или на одмор. За официјалните лица од Руанда има посебни места во ВИП ложата на стадионот на Арсенал, а токму претседателот Кагаме е еден од почестите гости од оваа земја на „Емирејтс“.

Договорот бил вреден 30 милиони фунти поради што во парламентите на двете земји имало негативни критики.

Давид Луиз ја посетил Руанда

Едни го критикувале претседателот Пол Кагаме дека бил навивач на Арсенал па затоа решил да го спонзорира омилениот клуб а исто и сакал да збори со играчите и да ги гледа натпреварите од ВИП ложата.

Во Руанда го критикувале дека нерационално ги троши парите наместо да одвојува за образование на децата, помош на своите граѓани, да гради инфраструктура, да ја развива економијата а не да дава за натпис „Посетет ја Руанда“ на дресови на фудбалери мулти-милионери.

Арсенал бил критикуван дека поддржувал диктаторски режим кој според многу новинари ја ограничувал слободата на говор во земјата и ги ограничувал човековите права.

13 јуни 2020 - 08:11