Роналдо тргна кај камерманот да види за офсајд

Дортмунд и Реал пружија добар меч, видовме 4 гола, а можевме уште толку ако едните и другите ги реализираа шансите. Реал имаше 2-3 опасни контри, а една во која се најде Роналдо беше офсајд ситуација. Португалецот протестираше и на полувремето отиде кај главниот камерман крај теренот.