Роналдо доби статуа која баш и не личи на него

Најдобриот фудбалер во историјата на Португалија ги израдува мештаните на градчето Фуншал каде неговата репрезентација ја пречека Шведска во пријателски меч.

На португалскиот остров Мадеира каде што е роден најголемиот син на ова место, Кристијано Роналдо доби биста а за возврат им ги донесе пехарот од ЕП и Лига на шампиони. Кристијано е роден во Фуншал, главниот град на португалскиот остров Мадеира кој се наоѓа на северо-западниот брег недалеку од Мароко.

Неделава Роналдо со репрезентацијата престојуваше во татковината каде одигра две средби, една квалификациска против Унгарија и една пријателска против Шведска. Очекувано на двете даваше голови, но на втората загуби.

Португалија во Фуншал заигра првпат после цели 16 години, а тоа беше прилика градот и државата да ги претстават новата бронзана статуа на Роналдо и аеродромот да го крстат по него. Покрај името "Aeroporto Cristiano Ronaldo" на фасадата на аеродромот стои и портрет на фудбалерот на Реал Мадрид. Статуата ја открил претседателот на Португалија Марсело Ребело де Соуса.

„Еднаш кажав дека почеста за заслужните луѓе треба да се дава додека се живи, како во мојот случај, така што сум благодарен на властите во регионот за смелоста, искреноста и цврстината во одбрана на идејата. Среќен сум и чуствувам голема чест. Секогаш се трудам да ги презентирам Португалија и Мадеира со страст и посветеност“, изјавил Роналдо на церемонијата.

Стадионот во Фуншал лани бил реконструиран и сега собира 10.000 гледачи колку што дошле да го видат пехарот од Европското 2016. 

Во Фуншал бил збогатен и музејот посветен на најдобриот фудбалер на денешницата според ФИФА.

Игралиштето каде Роналдо играл како мал, спроти домот на неговите родители:

Потоа се одигра пријателската против Шведска на која Роналдо постигна гол. На крајот Швеѓаните малку ја расипаа забавата на Роналдо затоа што победија после пресврт од 2:0 на 2:3.