Ждрепка за Лига Европа

Рома оди на Лион, Мурињо и Златан во студениот Ростов

По релативно неочекуваните резултати, од Лига Европа се простија Тотенхем, Шахтјор, Атлетик Билбао, Фиорентина и Зенит а паровите за осминафинале попладнево беа извлечени во Нион.

Парови четвртфинале Лига Европа:

СЕЛТА ВИГО - КРАСНОДАР
АПОЕЛ - АНДЕРЛЕХТ
ШАЛКЕ 04 - БОРУСИЈА МЕНХЕНГЛАДБАХ
ОЛИМПИК ЛИОН - РОМА
РОСТОВ - МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
ОЛИМПИЈАКОС - БЕШИКТАШ
ГЕНТ - ГЕНК
КОПЕНХАГЕН - АЈАКС

Натпреварите од осминафиналето ќе се играат на 9 март во четврток, а реваншите на 16 март со термини од 19 и 21 часот.

На 13 април се играат првите дуели од четвртфиналето, а седум дена подоцна на 20 април се реваншите. Полуфиналето е закажано за 4 мај со реванш на 11 мај, а финалето ќе се игра на 24 мај во среда. Финалето на Лига Европа се игра во Солна, предградието на Стокхолм, на стадионот „Френдс Арена“.