Ривалството меѓу Јуве и Наполи низ историјата

Јуве и Наполи можно е утре да го одиграат клучниот меч за титулата во Серија А. Нивната битка се очекува да биде тешка и неизвесна како што беше многу пати до сега. Потсетување на дуелите со Марадона и Платини, па се до оние со Пандев и Дел Пјеро.

Хозе Алтафини за навивачите на Наполи ќе остане секогаш персона нон грата. Ги напушти Наполитанците за трансфер во Јуве и потоа реши натпревар меѓу овие две екипи вреден Скудето во сезоната 1974/1975.

Во 80-те години главното оружје на Наполи за да се спречи доминацијата на Јувентус со Трапатони се викаше Диего Армандо Марадона.
Од другата страна 10-ка играше Мишел Платини, а дуелите меѓу овие двајца вонсериски играчи се епски.
Сезоната 1986/1987 за Наполи значи прво Скудето и победа во Торино против Јуве 1:3 која не се случила 29 години.
Во 2006/2007 година овие две екипи се судрија во Серија Б и потоа заедно се вратија во елитата. На првиот меч Дел Пјеро постигна гол од слободен удар.
 
Израмни Мариано Боњачино.
31 октомври 2009. Нова победа на Наполитанците на гости, овој пат по пауза од 21 година и тоа со пресврт од 2:0 на 2:3.
Првото Скудето на Антонио Конте 2011/2012 и тешкиот меч на Сан Паоло. Наполи три пати беше во водство, но мечот заврши 3:3.
20 мај 2012. Наполи го освои Купот на Италија, прв трофеј во ерата на Де Лаурентис. Триумфот од 2:0 беше посебен бидејќи поразениот тим на Олимпико беше Јувентус.
Тој меч ќе се памети и како последен на Алекс Дел Пјеро во дресот на Јуве.
11 август, 2012 година во Пекинг, финале во Супер Купот. Наполи во водство со голот на Кавани.
Но трофејот го освои Јуве со конечните 4:2 кои ги постави Вучиниќ. Ова беше втор двобој во финалето од италијанскиот Супер Куп. На првиот во 1990-та Наполи триумфираше со 5:1.
Наполи протестираше поради судењето и не се појави за да ги прими медалите. Црвени картони добија Пандев и Мацари.
12 февруари 2016 - 08:00