Резултатот од сексањето во Исланд 9 месеци по победата над Англија 2016

Фудбалерите на Исланд направија сензација со елиминацијата на Англија на Европското првенство во Франција, а тоа придонесе за една нова генерација на исландски навивачи/навивачки во светот на фудбалот.

Ако некој се прашува колку Исланѓаните славеа минатата година кога на 27 јуни во Ница го шокираа Гордиот Албион и по осминафиналниот меч го пратија дома, еве еден доста занимлив податок на кој ќе се чудите или смеете.

Болница од Исланд извади рекорден број на бремени жени, точно девет месеци по изненадувачкиот резултат на Исланд против Англија.

„Поставивме рекорд на број на епидурални инјекции овој викенд, девет месеци по триумфот над на Англија од 2:1“, изјавија од одделот за анестезиологија во болницата.

Според исландскиот магазин Висир оваа инјекција против болки за бремените жени била дадена викендов на 25 и 26 март како никогаш до сега.

Дел од тогашното славје на еден од плоштадите во Исланд

Потсетување на головите