Детето од Бразил за кое Реал даде 45 милиони евра

Бразил е земја непресушен извор на таленти кои со топката прават чуда. Последно откритие е Винисиус Жуниор, 16-годишното момче кое пред неколку дена првпат тренирал и дебитирал со сениорска екипа. Реал не размислувал два пати и веднаш го купил.

Што треба да знаеме за Винисиус Жуниор?

На 23. мај Реал објави дека потпишал договор вреден 45 милиони евра со бразилскиот вундеркинд, за кој пред само еден месец никој не слушнал. Според условите на договорот, права на 16-годишниот крилен напаѓач Реал ќе има од 2018-та кога Бразилецот ќе наполни 18.

До денес Винисиус Жуниор одиграл само два официјални меча во сениорскиот фудбал - за Фламенго во првенството на Бразил (вкупно 19 минути, без гол и асистенција). Винисиус е роден во Сан Гонзало, сиромашен округ на Рио де Жанеиро на 12. јули 2000-та година. Живеел заедно со двајцата браќа и родителите кај баба му.

Како и другите деца, така и Винисиус трчал по топката на улица по цели денови. Таму кога имал 5-години неговиот вроден талент го забележиле тренерите на Фламенго, па наскоро со татко му под рака отишол во канцеларијата на славниот клуб.

Тренерот на детскиот тим на Фламенго, Какау бил одушевен после пробата. Од тогаш секое утре Винисиус се клацкал во автобусот и доаѓал на тренинг.

По мислењето на многу тренери, Винисиус бил најталентиран од сите деца во генерацијата. Одличните фудбалски вештини му помогнале брзо да се прилагоди меѓу врсниците, па брзо му станало досадно поради што го пратиле во категорија на поголеми деца.

„Винисиус можеше да тренира со сите возрасни групи ако му дозволевме. Мислевме дека детево никогаш не се уморува. После тренинг со постарите, секогаш се враќаше со врсниците и поделуваше искуство“, воодушевено раскажува Какау, директорот на младинската школа на Фламенго.

Првиот договор со клубот Винисиус Жуниор го потпишал на 10 години.

Кога наполнил 14 години и кога веќе немало сомнеж дека пред него е статус на голема супер-ѕвезда, во спортскиот центар на Фламенго во Рио го возел вујко му со цел малиот во целост да се фокусира само на фудбалот.

Во октомври минатата година Винисиус за првпат го прекомандувале во младинците. На дербито против Ботафого во младинскиот Куп на Рио го отворил резултатот, па весникот Globoesporte пишувал за него дека до тој момент го знаеле само како играчот со дречливо-зелени копачки, но сега го сменил мислењето за него.

На 13 години Винисиус му западнал во око на селекторот на Бразил У-15 Клаудио Касапа (поранешниот стопер на Лион) и тогаш почнала успешната кариера на Винисиус Жуниор во младинските репрезентации на Бразил. Во март 2017 младиот фудбалер се вратил во својата возрасна категорија и станал најдобар стрелец и најдобар играч на Копа Судамерикана за играчи до 17 години.

Селекторот на оваа селекција У-17 Карлос Амадеу барал на малиот да не му се става голем товар.

„Тој е добар дечко, но се надевам дека луѓето ќе бидат трпеливи со него. Ако е фокусиран само на играта, без да обрнува внимание на искушенијата во светот, може да стане играч на највисоко ниво“.

Винисиус игра на разни позиции во нападот, најчесто на лево крило. По јуниорскиот Куп на Јужна Америка каде има повеќе скаути од гледачи - Манчестер, Реал и Барселона го снимиле тинејџерот.

По признание на Винисиус, најдобри услови за него нудела Барселона, со него лично се сретнал и Нејмар за да го убеди да дојде на „Камп Ноу“. Но на крајот Бразилецот го одбрал Реал. На почетокот на мај Винисиус бил на лекарски прегледи во клиниката „Самаритано“ во Бара де Тижука во Бразил. Ги поминал успешно и потпишал преддоговор со Реал.

Бразилските новинари со интерес го прателе овој трансфер а Винисиус првата година од договорот со Реал ќе ја помине на позајмица веројатно во родниот клуб, а во Мадрид ќе се појави во 2019. година.

Новинарот Ендро Дауни од Бразил, автор на книгата за Сократес смета дека малиот прерано отишол во Европа: „Мислам дека Нејмар постапи најправилно, кога замина од Сантос во Барселона веќе беше изграден играч, имаше 21 година и признаен лидер на екипата кој освои Копа Либертадорес и три шампионски титули.“

Во мај месец годинава Винисиус првпат во животот тренирал со сениорите, а на 13-ти месецов дебитирал на мечот против Атлетико Минеиро откако го заменил Колумбиецот Орландо Берио. На крајот го заменил дресот со Робињо.

„Сакам да му заблагодарам на тренерот Зе Рикардо кој ми ја пружи оваа можност. Навивачите ме прифатија добро. Годинава ќе биде година на големи победи. Се договорив со Робињо да го сменам дресот уште пред мечот. Тој ми е идол од детството а денес играв против него“, изјавил Винисиус после дебито.