Рамзи, ние не веруваме

На големото дерби меѓу Ливерпул и Арсенал кое заврши 3:3 синоќа гол постигна и Арон Рамзи, кој беше најдобар поединец кај Топџиите. Сепак, мистеријата дека после негов гол умира некоја позната личност денес доби нова димензија. Почина британскиот глумец Алан Рикман, познат како Снејп од Хари Потер.

Глумецот кој играше разни улоги во филмовите, меѓу останатите и во култниот Умри Машки и во Хари Потер умре во Лондон од канцер.

Рикман се прослави со својот препознатлив глас, а со светска слава се здоби во 1988. година кога го играше злобниот Ханс Грубер во Умри машки. Инаку во овој филм негов брат играше Џереми Ајронс, а научниците (еден инжењер на звуци и еден лингвиста) откриле дека комбинацијата на гласови на овие двајца глумци претставува идеален машки глас.

Најпознатите улоги на Рикман:

Голот на Рамзи синоќа против Ливерпул кој ја продлабочи мистеријата:

14 јануари 2016 - 14:43