Првиот фудбалски пренос од Градски по земјотресот во Скопје

На 53 годишнината од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје, ќе ве потсетиме на еден од незаборавните и најтешките преноси кој го вршел доајенот на радио репортерството, Ивко Панговски.

Се работи за првото коло од 18 сезона на првата сојузна лига на Југославија или сезона 1963/1964 во која Црвена Ѕвезда била шампион, а Вардар завршил на последната 14-та позиција.

Еден месец по земјотресот во Скопје, првиот меч на Градски Црвено-црните го одиграле со Динамо Загреб.

„На 28 август 1963 беше првиот пренос по земјотресот во Скопје на средбата меѓу Вардар и Динамо од Загреб 1:1. Тоа беше најтешкиот пренос. Стадионот го реновираше Загрепска оператива и ние едвај успеавме да извлечеме линии. Инаку играчите на терен излегоа со траорни ленти и повеќе се слушаше плачење бидејќи недостасуваа многумина што загинаа, а меѓу нив беше и еден стар техничар од Радио Скопје кој загина откако се врати да и земе играчка на ќерката. Динамо го сместија во хотел во Куманово, а Вардар во Тетово“, вели Ивко Панговски во интервјуто за Офф.нет.мк.

Фотографии пред Градски стадион

26 јули 2016 - 14:32