Просинечки ја димеше соблекувалната, ама на таква ѕвезда никој не му можеше ништо

Југословенската, а потоа и хрватска легенда покрај тоа што епитетот ѕвезда го доби во дресот на Црвена Звезда, а потоа беше дел и од Ел Класико и тоа од двете страни, една сезона мина и во англискиот второлигашки фудбал. Таму се служел со балкански манири за кои молчеле сите во тим.

На европскиот првак со Црвена Звезда, фудбалот му пружи можност да заигра во шест европски земји, а една од нив беше Англија. Но за жал популарниот Роби не беше дел од Премиер лигата, туку настапуваше за Портсмут кој во сезоната 2001/2002 беше дел од втората англиска лига под водство на Хари Реднап.

На тоа минато време со него се потсеќа неговиот колега Линвој Примус кој опишува каков мајстор беше Просинечки кој претставувал сензација што после дресовите на Реал и Барса, прифатил да игра во Портсмут.

„Беше неверојатно некој од негов ранг да се појави да игра кај нас. Ние не бевме баш најатрактивно место со звучни имиња, особено ако видите каде претходно настапувал Просиченки. Уште на тренинг покажа дека и понатаму има неверојатна дарба за фудбал. Ја немаше онаа брзина како порано, но дефинитивно ја имаше контролата на топката“.

Жути ги оставил без текст соиграчите кога им ја протнувал топката низ нозе кога сака и колку сака.

„Сè стана јасно уште на првиот тренинг. Работевме на чување топка и направивме круг во кој двајца играчи требаше да им ја земат топката на останатите кои си додаваа. За кратко време неколку пати им ја протна низ нозе. Во ред е тоа да го правиш еднаш, ама он тоа го правеше лабаво по неколку пати. Сите почнаа да му аплаудираат“.

Триковите не ги правел само на тренинг и со неговите 32 години одиграл одлична сезона во која на 33 меча постигнал 9 гола и направил бројни асистенции.

„Има играчи кои блескаат на тренинг, а на натпревар се други. Но Просинечки истите работи од тренинзите ги правеше и на натпреварите. Се сеќавам на детали пред почетокот на мечот против Нотингем Форест кога Марлон Хервуд му рече: `Човеку ти си апсолутен гениј`. Тоа беше пред мечот, а на него Просинечки имаше мало шоу и го реши мечот“.

На Хрватот порок му беа цигарите и се зборува дека во Портсмут пушел по две кутии дневно кои не му сметале кога играл.

„Веднаш штом одевме на полувреме во соблекувална тој ставаше цигара во уста. Од тоалетот излегуваше дим и сите знаевме кој е внатре. Тоа однесување не беше дел од британската култура, но со оглед на тоа како играше и што правеше на терен, никој ништо не можеше да му замери. Роберт беше тимски играч, но не се плашеше да го крене гласот и да каже свое мислење. Што и да кажеше ние тоа го почитувавме, бидејќи долго време играше на високо ниво“.

Портсмут таа сезона заврши 17-ти и се спаси од испаѓање. Просинечки беше во тимот на годината во лигата, а подоцна клубот го стави во најдобрите 11 на сите времиња.

Веќе трета година Роби е селектор на селекцијата на Азербејџан која викендов загуби, но му го даде првиот гол на Светскиот првак Германија во пет квалификациски кола за СП 2018.

За единствениот фудбалер кој постигнал гол на Светско првенство за две различни репрезентации имате повеќе тука.

27 март 2017 - 15:39