Проруските клубови од Украина ќе играат во руската лига

Претседателот на руската фудбалска унија (РФУ), Николај Толцик изјави дека е можно фудбалските клубови од Крим, полуостровот споен со Русија, да заиграат во руското фудбалско првенство.

Актуелната политичка состојба во Украина ја ремети спортската ситуација во оваа земја. Откако ФИБА, реши да им ја одземе организацијата на ЕП поради воениот конфликт, сега и фудбалските раководители имаат слична мака.

Откако Крим по 60 години под Украина, се одвои на реферeндум и се соедини со Русија, дури 5 клубови решија да играат во првенствата организирани од руската фудбалска унија.

Таврија од Симферопол и Севастопол се клубови кои сè уште играат во украинската прва лига, но како што вели Толцик, извесно е дека од годинава овие два клуба ќе бидат дел од руската лига.

„Процедурата е започната. Да ги средиме сите документи и сите заинтересирани клубови од Украина ќе може да играат во лигите организирани од руската фудбалска унија" – изјавил Толцик, по што ги разбрани ФИФА и УЕФА, кои сигурно би се противеле на таквата одлука.

Во меѓувреме реагираа и од украинската фудбалска федерација, каде велат дека Русија нема право да регистрира клубови и играчи од нивна територија.

Руското национално првенство почнува на 1. август, а украинското стартуваше минатиот викенд. Пред осум дена во Украина се одигра финалето од Супер Купот на кое Шахтар Доњецк славеше над Динамо Киев со 2:0, но имаше многу проблеми со составувањето на тимот.

30 јули 2014 - 16:29