Пројдоа времињата кога стариот ја косеше тревата

Иако во првите натпревари на Лестер имаше и такви кои не го разликуваа Канте со Конте, сега во овој клуб се знае кој коси и кој вода носи. Токму екипата задолжена за одржување на тревникот ја доби наградата за најдобра во Премиер лигата.

Теренот каде што игра Лестер редовно сјае, а пред дуелот со Свонси минатата недела доби нов изглед:

Многумина сметаа дека таквото шаренило му помогнало на Лестер да слави со 4:0 и да се приближи до титулата, но претходниот изглед беше премногу досаден па дошло време да се смени нешто.

Човекот одговорен за теренот се вика Џон Ледвидџ. Тој е главен на тимот од 8 луѓе кои се грижат за главниот терен на Лестер и за помошното игралиште за тренинг.

„Помина времето кога на теренот се праќаше старе кој возеше косилка за трева и го собираше отпадот, раскажува Ледвидџ за Leicester Mercury. Таа идеја со постаро чиче и натаму живее, но ако ги погледнете терените во Премиер лигата ќе забележите зголемен квалитет на изгледот. Сега веќе тоа стана наука", вели Ледвидџ.

Истоштениот старец е заменет со лица кои треба да бидат научници, менаџери, уметници и мотиватори во исто време.

„Работиме седум дена во неделата и работиме мошне сериозно. Задачата на екипата е да да игра, а наша задача е најдобро да го спремиме теренот за нив".

„На лето ја косиме тревата до три пати дневно, затоа што расте неверојатно брзо. Земјата е оплодена со посебни средства за брзо растење и опоравување на тревата. Покрај тоа, постои и посебен систем на осветлување којшто на зима ѝ дава сончева светлина на тревата", додава човекот заслужен за убавиот терен на Лестер.

До сега играчите немале некои посебни барања.

„Постојано комуницираме со тимот и ги земаме во предвид барањата на стручниот штаб. Раниери не е пребирлив, но сака брза пас игра поради што тревата треба да биде соодветно искосена, без никакви малверзации".

Во ноември минатата година, Ледвиџ и неговиот тим добија специјална награда за Football Grounds Team of the Year Award, пред колегите од Манчестер Јунајтед.

Џон Ледвидџ се занимава со фудбалски тревници од 15 години: „Бев буцкасто дете од кој не бидуваше фудбалер, но сакав да бидам на теренот. Татко ми ме советуваше да се пријавам за конкурсот за работници на стадионот во Ковентри, тие ме примија и така започна сè", констатира човекот што ја коси тревата на Лестер.

28 април 2016 - 13:40