Во Кина почина поранешен фудбалер на Црвена звезда

30-годишниот Горан Гогиќ, кој беше дел од шампионскиот тим на Црвена звезда пред две години, вчера колабирал на тренинг во кинескиот Џингдау, а лекарите подоцна констатирале смрт.

Гогиќ најпрвин се онесвестил за време на вчерашниот тренинг во кинескиот клуб Џингдау и потоа итно го префрлиле во болница, но лекарите за жал не успеале да го повратат во живот. Кинеските медиуми пренесуваат дека Гогиќ изгледал добро за време на тренингот, се смеел и зборувал со колегите од екипата и никој не помислил дека може да се случи таква трагедија.
 
Горан Гогиќ во Кина заминал во зимскиот преоден рок, заедно со напаѓачот Ѓорѓе Ракиќ. На 15 мечеви за Џингдау постигна еден гол. Тој беше член на Црвена звезда пред две години и беше еден од најзаслужните за титулата на клубот од Маракана.
 
Роден е на 24. април 1986. година во Врбас, а во кариерата освен за Звезда, играше уште и за Напредак Крушевац, Чукарички и Јагодина со која го освои националниот куп во 2013. година.
 

3 јули 2015 - 19:16