Плоштад Франческо Тоти, VIII крал на Рим

Колкаво е значењето на Тоти во главниот град на Италија покажува и денешното изненадување кое го направија Романистите на еден од нивните историски плоштади каде се собираат. Ако е до нив, ова веднаш би го реализирале.

Испраќањето на Тоти во пензија беше нешто невидено откако гледаме фудбал, но тоа сигурно нема да биде единствениот начин со кој клубот и навивачите ќе му се заблагодарат за неговите дела.

Освен што е извонреден фудбалер, Тоти стана мерка за лојалност на која е тешко да се возврати со иста мера. Навивачите имаат уникатен предлог, а тоа е плоштадот Санта Марија Либератриче да се прекрсти во плоштад „Франческо Тоти, VIII крал на Рома“.

Историскиот плоштад се наоѓа во областа Тестачо кое важи за срцето на навивачите на Рома и доколку успеат во оваа нивна иницијатива, името на нивниот миленик ќе биде изгравирано во историјата на градот.

По синоќешното збогум, Рома го внесе капитенот во Куќата на славните играчи во историјата на клубот каде има 28 имиња меѓу кои: Кафу, Алдеир, Бруно Конти, Џузепе Џанини, Винченцо Монтела, Винсет Кандела, Карло Анчелоти, Руди Фелер.

Ликот и делото на легендата на Рома е инспирација и за уметниците кои го отсликаа низ улиците во Рим.

30 мај 2017 - 13:20