Отишол во болница со поглед на стадион, за да го гледа Јувентус

Кротоне е град во јужна Италија а истомениот прволигаш синоќа го пречека шампионот Јувентус. За дуелот владеела хистерија за карти па се снаоѓал кој како знае.

Јувентус победи 0-2, ја продолжи победничката серија на пат кон одбрана на скудетото, а Кротоне со една нога веќе е во Серија Б.

За дуелот Кротоне - Јувентус на стадионот “Ецио Шида“ кој собира 16.547 гледачи биле распродадени сите карти, па еден навивач на Јувентус се жалел на болки и сакал да го примат во болницата „Сан Џовани ди Дио“ (Ospedale San Giovanni di Dio) од причина што зградата на болницата се наоѓа веднаш зад една од трибините и од неколку соби се гледа целиот терен.

Од болницата констатирале дека не му е ништо и набрзо сфатиле дека сакал да лежи во една од горните соби само за да го гледа мечот. “Собите се само за итни случаи и во моментов нема место таму“, му одговориле.

Од болницата „Сан Џовани ди Дио“ во Кротоне некои среќлии го гледаа Јуве

Стадионот „Ецио Шида“

На крајот навивачот нашол утеха во победата на Јувентус, а после мечот многу од децата кои собираа топки и неколку гледачи излегоа на теренот да се сликаат со ѕвездите на „Старата Дама“.

Слична епизода се случила и во сезоната 2006/2007 во Серија Б кога Јуве гостуваше и победи во Кротоне 0-3. Тогаш многу тифози од Калабрија кои имале роднини кои лежат во болница отишле во посета во болница за да можат гратис да го гледаат мечот од собите.

Ова е класичен пример колку далеку може да оди страста кон еден клуб.

Хајлајтс и головите од мечот: