Осум часа со авион за да играш против руски прволигаш

Откако заврши сезоната во руската лига и се одредија патниците во евро-куповите, прволигашите од оваа земја дознаа дека следната сезона ќе мора да гостуваат на крајниот исток близу Кина.

СКА Харабовск од сезоната 2017/2018 ќе игра во руската Премиер лига, а градот Харабовск од Москва е оддалечен цели 8.500 километри!

Навивачите на руските клубови немаат лесен живот кога се во прашања гостувањата. Русија е најголема земја на светот, па така од еден до друг град кај што има прволигаши има илјадници километри.

За да стигнат до Харабовск каде од следната сезона ќе играат против тимот СКА, навивачите на московските екипи (Динамо, ЦСКА и Спартак) ќе ора да поминат дури 8 часа со авион. Оние кои не сакаат многу да се препотуваат на слетување и полетување и ќе тргнат со кола ќе им треба четири дена пат а со воз цели пет дена!

Стадионот на СКА Хабаровск

Како пример, во НБА најголемата оддалеченост во лигата е Портланд - Мајами, околу 5.200 километри а од Бостон до Лос Анџелес има 4.200 километри. Малиот СКА Харабовск првпат во историјата влезе во најдобрата руска лига (основан е 1946-та после Втората Светска војна). Стадионот им се вика „Ленин“ и собира 15.000 гледачи.

СКА Харабовск влезе во елитата откако во баражот го победи Оренбург на пенали. Од друга страна Оренбург се наоѓа скроз на крајниот запад од Русија.

Откако славеа во плејофот, на фудбалерите на Харабовск им бил пририден свечен дочек во центарот на градот со воен оркестар.