Офсајд лик: Карлос Тевез

Ако треба да одбереме Офсајд лик на денот, неделата и месецот, тоа сигурно ќе биде човекот кој се соочи со елиминација во Лига на шампиони од екипа чии играчи заедно не заработуваат годишно, колку тој што заработува месечно.

Бризбејн Роар за нас е фудбалска непознаница од Австралија и трикратен првак од оваа земја, како и клуб најдобро ќе го запамети најплатениот фудбалер во историјата.

Карлос Тевез рече дека не е се во парите и ете во право бил. Тој настапува за Шангај Шенхуа, клуб зад кој стои Гринленд, најмоќната компанија за недвижен имот чија вредност се проценува на 58 милијарди долари.

Но во азиската Лига на шампиони, учесник ќе биде Бризбејн, а Карлос Тевез заедно со играчите од Шангај најелитниот фудбал во Азија ќе го гледа на телевизија.

Австралискиот прволигаш го победи ултра богатниот кинески тим со 2:0 и го елиминираше во квалификациите на Азиската Лига на шампиони. Подобра причина за да го ставиме Тевез во нашата омилена рубрика нема.

Згора на се ова беше деби на Карлито на еден официјален натпревар за Шангај и одличен повод да биде предмет на исмејување. Твитерџиите ја нападнаа ѕвездата која за едно година во Кина ќе заработи 40 милиони евра, а не остана должен ниту Бризбејн.

Инаку Шангај Шенхуа е еден од големите седум кинески клубови во кои течат повеќе пари од вода и токму за оваа екипа се појавија информации дека стоела зад понудата до Кристијано Роналдо од 300 милиони евра.

Капитен им е Џовани Морено, големата надеж на Колумбија, тренер им е Гус Појет, а другите странци кои ги купија се Демба Ба и Обафеми Мартинс. 

9 февруари 2017 - 12:32