Офсајд лик: Господинот 100 милиони евра

Еден од многуте твитови кои ја опишаа играта на Пол Погба против Ливерпул гласи вака: 5 пати. Погба го загуби човекот кој требаше да го чува на корнер 5 пати. Тоа би било срамота и за играч од Лига 2.

Се мислевме дали за Офсајд лик да го прогласиме најдобриот фудбалер во светот или најскапиот фудбалер во светот, ама се решивме за вториов бидејќи Роналдо, иако беше тапа ако ништо друго барем викендов даде гол, а Погба веројатно го одигра најслабиот натпревар во кариерата.

Обично оценките за тие кои одиграле слаб натпревар се 5 или 6, ама Погба доби тројка, а описот за неговото мизерно издание на дербито Манчестер Јунајтед – Ливерпул 1:1 оди вака:

„Промаши чиста шанса на почеток, имаше среќа што не доби картон за грубото влечење на Џордан Хендерсон, играше во шеснаесетник со рака и со тоа му подари пенал на Ливерпул, често го губеше својот човек во одбрана, имаше само 71% успешност во додавањата. Ден за заборав“.

Учинокот на господинот 100 милиони евра во сопредба со неговиот колега Андер Херера кој дојде од Атлетик Билбао за 36 милиони евра.

Англиските медиуми го нарекоа изданието на Погба против Ливерпул „кошмар“ и „хорор“ и му посветија ваков текст:

2 минута: Пол Погба не губеше време за да се вклучи во мечот и во првиот судир со игра ја почувствува силата на Емре Кан.

20 минута: Промаши зицер откако доби прекрасна топка од Михтаријан.

27 минута: Влезе во шеснаесетник и лошо се справи во дуелот со Дејан Ловрен. Пенал за Ливерпул и гол на Џејмс Милнер.

32 минута: Дрзок и ладнокрвен во дуелот со Џордан Хендерсон кој заврши на трева.

59 минута: Барајќи да се извади, имаше лош обид со лева нога кон голот на Ливерпул.

75 минута: Ја додаде топката на ужасно погрешен начин.

Боречкиот зафат на Погба во дуелот со Хендерсон

16 јануари 2017 - 11:28