Новиот шеф на Несторовски и Трајковски е полуд од претходниот

Не, не е ова уште една статија за тоа колку тренери избркал, туку запознавање со човекот кој Ѕампарини го назначи за нов претседател на Палермо а чии постапки отвораат многу теории дека тој е марионета на човекот кој сака да се спаси од напади после извесно испаѓање од Серија А.

Пред точно една година, кога стигнал на стадионот на Палермо, Маурицио Ѕампарини беше прозван од лут навивач. Ништо невообичаено, затоа што Ѕампарини е навикнат на многу бурни разговори со тифозите кои со право не сакаат очи да му видат.

Но овојпат разговорот со навивачот заврши на сите вести на националните телевизии и вулканот од Етна се активираше.

„Подобро да играме во трета лига, отколку вака во прва лига. Нема смисла веќе, оди си“, на пристоен начин му вели навивачот на Палермо а Ѕампарини одговара: „И јас сум уморен, многу уморен од Палермо“.

Во тој период тренерот кој „сто пати“ доаѓаше и си одеше, Бепе Јакини даде оставка затоа што Ѕампарини го обвини дека „мува не го лази за ништо“. Тоа беше осма тренерска смена во Палермо во сезоната 2015/2016.

Маурицио Ѕампарини има направено неколку добри нешта за Палермо. Со неколку негови инвестиции клубот после 31 година се врати во Серија А, а имаа и неколку излети во Европа.

Под негово водство за Палермо играа таленти како Кавани, Пасторе, Дибала, Миколи и Андреа Белоти. Но неговиот начин на однесување е далеку од нивото на еден претседател. Еднаш изјави дека „ќе им ги скине јајцата на играчите и дека ќе ги изеде во салата“ ако продолжат да играат слабо.

Една година подоцна од муабетот на навивачот кој во тој момент претставуваше илјадници истомисленици, неговата желба се исполни. Палермо доби нов претседател, но како изгледа, подобро да трпеа со Ѕампарини.

Пол Баљардини, новиот претседател на Палермо

После поразот од 4-1 против Удинезе викендов, Палермо е на седум бода од местото кое гарантира опстанок и со една нога е во втора лига. На 6. март, пред две недели Палермо свика прес-конференција на која објавија дека Ѕампарини го продава клубот.

Радоста кратко траеше, откако Маурицио објави дека на негово место нема да дојде некој милијардер или бизнис конзорциум, туку поранешен телевизиски комичар. Уште почудно е што тој веднаш станал претседател иако од соопштението се сфати дека целата процедура ќе заврши најдоцна во април.

Кога Пол Бакаљини, Италијанецот роден во Америка се појавил на хаотичниот прес следниот ден, сите помислиле дека ова е уште едно „спрдачење“ од Ѕампарини. Пол Бакаљини е познат во Италија по неговото телевизиско шоу ’Хиените’ (Le Iene) коешто се даваше на каналот Италија1 во кое ги исмевал јавните фаци. Во еден момент тој основал и политичко движење наречено „Лимон партија“.

Пол Бакаљини и Маурицио Ѕампарини - ноќна мора за тифозите на Палермо

Бакаљини со фудбалот. Во едно од интервјуата пред две недели, тој рекол дека во кариерата кратко водел бизнис. Никој не ги знае неговите извори на пари а постои сомнеж дека тој и нема доволно средства да го води клубот.

Наводно имал удел во некој фонд Integritas Capital, а новинарите откриле дека постоеле многу фондови под такво име. Бакаљини рекол и дека тој ќе стане целосен сопственик на Палермо со 100% од акциите.

„Маурицио сакаше целосно да го реорганизира својот имот меѓу кои е и Палермо. Ова е соработка меѓу мене и него. Сега јас сум претседател. Не може да се каже дека платив значајна сума за Палермо, затоа што инвестициите ќе следат кога ќе има потреба“, нејасен бил Бакаљини и отворил простор за теории на заговор. Во истото интервју тој негирал дека само е искористен од Ѕампарини за да не го напаѓаат ако испаднат.

Девојката на Пол Бакаљини, Таис Вигерс во едно интервју за магазинот Oggi рекла дека најголема слабост на нејзиниот дечко е „што многу лаже“. А во истовреме тој ветил дека во иднина ќе направи нов стадион на Палермо и нова академија.

Несторовски со новиот претседател Бакаљини:

Утрото пред презентацијата, неколку негови другари од шоуто ’Хиените’ во хотелската соба му донеле тату-мајстор којшто му го истетовирал грбот на Палермо близу срцето (ја покажа тетоважата на прес-конференцијата). Бакаљини имал повеќе од 60 тетоважи по телото.

Во понеделникот Бакаљини ги отфрлил наодите дека планира да го смени тренерот Диего Лопез, што наводно било план на Ѕампарини кој сега ја „обавувал“ функцијата советник на претседателот.

Многу навивачи на Палермо би биле среќни ако Ѕампарини се откаже и од таа функција советник и веќе никогаш не го видат близу стадионот.