Нема да игра Лига на шампиони, има испити за учење

17-годишниот Каи Хаверц важи за еден од најголемите таленти во германската Бундеслига, но својата надареност нема да може да ја покаже во реваншот со Атлетико Мадрид зошто има за учење.

После поразот во првиот меч од осмина финалето против Атлетико Мадрид 2-4 на домашен терен, Баер Леверкузен е пред невозможна мисија во реваншот.

Атлетико не само што им даде четири гола на „Бај Арена“, туку и на последните 33 меча на „Висенте Калдерон“ има само два порази.

„Аспиринџиите“ во Мадрид ќе играат без суспендираниот Хакан Чаланоглу, без повредените Топрак, Тах, Кислинг и Бендер но и без малиот Каи Хаверц кој имал испити за спремање.

Првите фудбалски чекори ги направил во младинците на второлигашот Алеманија Ахен. Во 2010. потпишал со Баер Леверкузен. Хаверц е вундеркинд, игра како полушпиц, а за првиот тим на Баер Леверкузен дебитираше минатиот октомври и веќе има 16 настапи во Бундеслигата со 3 асистенции. Во Лигата на шампионите дебитираше против Атлетико Мадрид пред две недели. Вечерва нема да може да игра затоа што требал да спрема и полага испит.