Натпреварот кој тежи 4 победи (една против Македонија) и 257 порази

На нешто повеќе од два часа пред вечерашните средби во ЛШ, ќе се сретнат две земји кои заедно имаат околу 120.000 жители и традиција за фудбал колку што ние имаме за тенис и пинг понг.

Спремете се за Андора – Сан Марино, најнеатрактивниот фудбалски натпревар во Европа чии репрезентативци од работа одат право на тренинг. По професија се пожарникари, полицајци и таксисти кои обично влетуваат да пополнат место.

Овие две селекции денеска се среќаваат за прв пат во историјата. Сан Марино е 202-ри, а Андора 203-та на ранг листата на ФИФА и веројатно како никогаш до сега и во двата табора се надеваат на победа.

Нивната серија на порази е крајно трагична и жална. Андора има 86 порази во низа, а Сан Марино 74. Последен пат на победа се радувале пред 13 години.

Откако Сан Марино во 1990 стана учесник во квалификациите за СП и ЕП не успеа да победи на ниту еден натпревар, па сега вие видете до колку се аматери. Единствениот нивни триумф се случи на пријателски дуел против Лихтенштајн кој заврши 1:0.

До мај 2013-та кога Гибралтар стана членка на УЕФА, тие беа земја со најмал број на жители (33,285) меѓу земјите кои членуваат во Европската куќа на фудбалот.

Најдобар стрелец им е Анди Селва кој на 74 настапи има постигнато 8 гола.

Андора има одиграно 5 квалификациски циклуси за ЕП на кои ги имаат загубено сите 50 натпревари, а на мундијалските квалификациите имаат 42 порази, две нерешени и една победа, знаете против кого така?

Против Македонија 1:0 во квалификациите за СП 2006, меч кој се смета за најсрамен во историјата на нашиот репрезентативен фудбал. Затоа и немаме многу право да мрчиме против нив.

Прв стрелец им е Лима со 10 гола на 103 меча.

Сан Марино во својата историја има една победа, четири нерешени, 134 порази и скор од 22 дадени и 603 примени голови.

Андора има три победи, 12 нерешени, 123 порази и скор од 38 дадени и 382 примени голови.

Ова се сите нивни победи

26 април 2000: Андора – Белорусија 2:0 (пријателска)

17 април 2002: Андора – Албанија 2:0 (пријателска)

28 април 2004: Сан Марино – Лихтенштајн 1:0 (пријателска)

13 октомври 2004: Андора – Македонија 1:0 (квалификациска за СП 2006)

Голот на Андора против Македонија. На крај слават со шампањско.

Ја имате и на Типстер

22 февруари 2017 - 13:24