Напаѓачот кој е подобар оваа сезона од триото на Барселона

Меси, Нејмар и Суарез се хит оваа сезона, но има еден не баш славен напаѓач со подобри индивидуални бројки оваа сезона во Европа. Викендов постигна хет-трик, а неговиот тренер изјави: Да се надеваме дека Барселона нема да ни го купи.

Ариц Адуриз од Атлетик Билбао има 34 години и статистика за која би се тепал секој шпиц. На 23 меча оваа сезона на сите натпреварувања постигнаа 20 гола, 10 во Ла Лига, 4 во домашните купови и 6 во Лига Европа.

Во 2012-та по трет пат се врати во Билбао, а како старее му оди се подобро. Во неговата четврта сезона за тимот од Баскија постигна 105 гола на сите натпреварувања, а оваа сезона од неговите хет-трикови настрада Барселона во финалето од Супер купот и викендов Рајо Ваљекано против кој забележа важни бројки.

- Прв играч кој сезонава во Ла Лига постигна хет-трик (против Рајо Ваљекано).

- Најстариот играч по 1993 година кој со 34 години и 219 дена успеал да постигне хет-трик во Ла Лига.

- Најбрз гол сезона сезонава во Ла Лига (против Рајо Ваљекано за 54 секунди).

- Најголем број на голови сезоната од шпански клуб на сите натпреварувања.

Адуриз за Шпанија има само еден настап, а тоа се случи на квалификацискиот меч за ЕП 2012 против Литванија, кога како играч на Валенсија, влезе на местото на Љоренте во последните 15 минути од мечот.

Хет-трикот од овој викенд против Рајо Ваљекано

Хет-трикот против Барселона на 14 август годинава во финалето од Супер купот

30 ноември 2015 - 17:45