Најстариот клуб во светот полни 157 години

За постоењето на спортскиот фудбалски викенд, како и Лигата на шампиони во вторник и среда кажете му фала на Шефилд, односно неговите основачи. Од нив почна нашава болест.

Адвокатот Натаниал Кресвик и трговецот со вино Вилијам Прест се луѓето кои го формирале првиот фудбалски клуб на 24 октомври 1857 година. Од тогаш датира нашата голем страст за спортот број 1 на планетава, кој жените не го разбираат.

Топката веројатно на почеток само ја шутирале како муви без глави, бидејќи на почеток немало правила, а ниту противници, па почнале да играат меѓу себе. По една година ги напишале и првите 11 правила.

Овие правила биле прифатени од фудбалските клубови во околината, а по формирањето на Фудбалската асоцијација во 1877 година биле модифицирани и прифатени од сите клубови на островот.

Првите успеси на Шефилд се во 1904 година кога го освоиле аматерскиот ФА Куп, натпреварување иницирано од самиот клуб, а во 1977 година стигнале до финалето од ФА Вејз Купот. Други важни трофеи немаат, но ФИФА ги награди со орден за заслуги.

По само три години бил формиран и вториот фудбалски клуб во Англија по име Халам кој и во денешно време игра на најстариот терен во светот според Гинисовата книга на рекорди, Сендигејд. Тогаш почнало најстарото фудбалско ривалство кое датира од 1860 година.

Шефилд денеска се натпреварува во Првата дивизија Југ, Северна Премиер лига, а тоа е осми ранг на натпреварување на островот.

Имаат и сајт.

24 октомври 2014 - 16:58