Најнеобичната трансфер кампања на Барселона

Скандалите со претседателот, трансферот на Нејмар со затајување данок, како и привлекувањето на малолетни играчи, ги натераа функционерите на Барса да зборуваат шепотејќи и да разглабаат за трансфер мети преку јазик со знаци

Во 1993. година веселиот британски поп му објави војна на американскиот музички џет-сет, во светот се зборуваше за саундтракот на Витни Хјустон во филмот „Телохранител", а Милан на Фабио Капело се спремаше да ја прекине првата славна ера на големата Барселона.

Тогаш се родиле и четири бебиња кои 23 години подоцна еден по друг преоѓаа во Барселона.

Денис Суарез, Самуел Умтити, Лук Диње и Андре Гомеш се главните херои на најнеобичната трансфер кампања на Барселона во последните години. Каталонскиот клуб одамна така квалитетно и квантитативно а во исто време тивко не се засилил. Додека да среди се со новите засилувања, Барса тивко работеше и вести за новите играчи не можеа да најдат ниту локалните новинари.

Хосеп Гвардиола претпочиташе да работи со млади играчи, но од година во година, Барселона купуваше ѕвезди како Ибрахимовиќ, Виља, Фабрегас, Нејмар, Суарез. Во последниве години, само пред почетокот на сезоната 2014/2015 Каталонците значително се засилија со седум играчи во страшна вредност од 142 милиони евра. Но сите беа ветерани со просечна возраст до 30 години.

Во овој преоден рок Барса работеше на природно подмладување. Ниту еден од новодојдените играчи нема сигурно место во стартната постава. На Умтити му претстои учење од Пике и Маскерано, на Диње од Жорди Алба, на Денис и Гомеш од Иниеста, Ракитиќ и Туран.

За овој пристап на тивко пазарење најзаслужни се тренерот Луис Енрике и спортскиот директор Роберт Фернандес. И двајцата научиле од претходните грешки. Минатата година Барселона го стегна каишот поради финансискиот фер плеј и на крајот од сезоната за малку не ги загуби речиси сите трофеи. Предминатата година Барса имаше забрана за регистрација на новите играчи, така што управата сфатила дека мора однапред да имаат спремен план.

Постои уште една причина зошто Барселона го одбра патот за развој на младите играчи. Во светот нема многу достапни екстра-класа фудбалери. Со истиот прболем (ако го гледаат како проблем) се соочи и Реал Мадрид. Тишината со која беа спроведени трансферите е уште еден карактеристичен детал. Фабрегас во своето време го продадоа без да заигра за Барселона, а уморни од гласините и шпекулациите кои траеа цело лето тогаш во новиот клуб не стигнаа ниту исправно да му го напишат името и презимето.

Можеби сите скандали со претседателот на клубот, трансферот на Нејмар со затајување данок, како и привлекувањето на малолетни играчи, ги натераа функционерите на Барса да зборуваат шепотејќи и да зборуваат за трансфер мети преку јазик со знаци. За сега Барса за во иднина не е покриена само на позицијата централен напаѓач каде времето ќе „го изеде" троглавиот змеј од Јужна Америка (МСН).

Барселона е заинтересирана за Лусиано Вието (22 години) и Кевин Гамеиро, но и двајцата не би имале место во стартната постава. Роберт Фернандес смислил цела филозофска теорија дека е грев да држат на клупа играч за чиј развој се заинтересирани.

Барса минатата година не успеа да ја освои триплетата втор пат по ред и се задоволи со домашната двојна круна. Сигурен во војниците од првата линија на фронтот, Каталонците ја консолидираа втората линија.